Јас го користам овој во прилог. Околу 800 ден е ако не се лажам ама трае повеќе од 1 год и има многу убав мирис и не остава флеки на гардероба. Околу нега на тело почнав само со кокосово масло па не ми баш вршеше работа околу хидратација на кожата па се префрлив на шеа путер на Локтеин и Лавера. Сега за сега ми се ок. Сватив дека се што е на база на шеа путер во оваа состојба ми одговара но гледам да е органско или био. ?: посебна приказна е колку лажат на декларациите).
@slavica999 од каде го купуваш? Јас се префрлив пак на тие со алуминиум. Околу 5-6 антипреспиранти имав дома без алуминиум и ништо не ми помогна.
Ова може да ти го порача само некој што е зачленет во форевер. Јас имам другарка што е зачленета многу го фалеше баш она во ташна си го носеше цело време и јас се мислев да го земам ама скапо ми дојде и си земав на греен кој е негде упола ама рол-он е. Инаку стиков дозволува потење ама го спречува мирисот.
Да така е, се зема од овластен зачленет во форевер, но потта не мириса и гарантирам дека трае 1 год. Ако за една година купуваш 3-4 по 200 ден просек, ете ти ги парите ова на форевер мислам дека беше 790 ден. Според мене здраво е да се потиш, исфрлаш отрови а не да ги гушиш потните жлезди
Не пронајдов посебна тема за нега на лице во текот на бременоста. Мене ми се исфрла лицето со ситни акни, никогаш не сум имала ваков проблем. Дали некоја од вас има проблем со кожата на лицето и препорака за крема?
Мене многу ми помага пената за чистење на Афродита и после тоа ставав Нивеа хидратантна. И сега во бременост имам промени, Т-зоната ми стана многу сува, па ставам павловичева сега
Интересна тема,не сум ја приметила. Уште пред бременост се трудам да внесам што повеќе природна козметика,мислам на бела,односно препаратива.Не ни знаев дека е забрането,а сметам и дека е малце мода,со тоа што во последните години стана актуелна и подостапна на пазарот. Дезодоранс користам без алуминиум,гелови за туширање на Алверде и Логона,масло за стрии купив на др.Хаушка,а се мачкам и со Нивеа лосион,тешко ми е да се откажам од него Декоративна козметика,односно шминка си користам иста ко и претходно,природната не ми се допаѓа,мирисот ми е неподнослив на таквите пудри. Внимавам повеќе на забите и непцата,ги чистам и со конец многу почесто бидејќи непцата ми се лесно надразливи од хормоните. Фарба за коса употребив без амоњак,иако не е забрането класична.Шампон и регенератор исто ко и претходно користам. До сега немам проблем со кожата,лицето ми е особено чисто и сјајно,а косата ми е зајакната и не ми се мрси воопшто.
Кои се без алуминиум и дали го имаат истиот ефект? Не ми текнало на вакво нешто. Јас си користам се исто како досега.
Сите на Алверде пд ДМ, а скоро најдов и во КАМ дезодоранс на Лалине без алуминиум, ефтин е, има пријатен мирис но сепак се потиш а не мириса потта.
Го препорачувам ролонот без алуминиум од Ив Роше, со мирис на калинка, можеби е малку поскап од Алверде.
Има и од Нивеа, Дав, Рексона, во Кам од тие таму што ги носат, од Лаш има, Алверде, Балеа... Сите веќе прават дезодоранси без алуминиум. Долго време користам дезидоранс без алуминиум, а и сама си правам ролон и стик со сода и кокосово масло, а би сакала да го пробам и стикот од алое од Форевр, ми го фалеа доста.
Уф јас не внимавам на тоа Користам Глицемил зошто ептен ми помага со испуканата кожа. @Jana06 фала за препораката за пената за чистење на Афродита, чувствувам резултати
Ајде женски споделете што користите од козметика за нега на лице и тело а што исфрливте, за кои производи сте прочитале дека се штетни, еве јас лично користев серуми доста пред да забременам а сега само мицеларна вода и хидратантна крема за лице За тело само стик Ben&Anna од Белина Но сега имам мака со лицето почна да ми се исфрла а незнам што можам да користам
Исто и мене лицето ми се нафрла. Секое сабајле кога ќе станам ќе имам некоја нова акна излезено. Претежно околу брадата. На сабајле кога се мијам лице ставам една крема од нивеа, не е за акни ама друго ништо не користам не знам што, бидејќи секакви средства не се препорачуваат во бременоста.