Нега на тело после депилација

Дискусија во 'Тело' започната од h.misunderstood, 19 април 2013.

  1. h.misunderstood

    h.misunderstood Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Се извинувам ако веќе има ваква тема ама пребарав и мислам не сретнав тема конкретно за ова :) Споделете искуства на темава за иритација на кожата после депилација ,како се справувате со црвенилото и мозолчињатаа :hai:
     
  2. 12masima

    12masima Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    29
    Како се справувате со црвенилото околу депилацијата на надусници? се депилирав со ленти и имам ужасно ми е црвено, пробав со крема, алкохол но ништо сеуште е црвено. Ваш совет?
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    ^ Јас ставам бебешка пудра на надусниците после депилација и немам проблем.
    Во принцип иако имам доста светол тен, никогаш не ми се случило да ми се исфрла кожата после депилација, баш козметичарката се чудеше како е можно тоа.
    Бебешката пудра мислам дека е најдобро решение за црвенилото, а алкохолот не знам колку е добро да го ставаш на лицето, особено на иритирана кожа. Алкохолот ја суши кожата, јас дури секогаш гледам воопшто да нема алкохол во составот на производите за лице што ги користам.
     
  4. 12masima

    12masima Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    29
    Фала Ана Каренина , ке пробам , Поздрав :)
     
  5. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    572
    Јас си ставам бебешка пудра или еден гел од алое што го имам. Иако немам некој голем проблем со црвенилото, ми поминува брзо, сепак си ставам јас, да не останам покуса :D
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Бебешка пудра :)
     
  7. tweety93

    tweety93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    8
    Јас прво се мачкам со таа Павлодерм жолтата, а после со млеко за тело како и секогаш, имам многу чувствителна кожа па црвенило секако се појавува, ама за час два исчезнува, па сега колку помага павловичевата незнам.
     
  8. Princees

    Princees Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Џа да не ти излезат цвени дамки треба добро да го исчистиш восокот. јас најдобро го отстранувам со зејтин.Пробај ке делува
     
  9. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.445
    Пол:
    Женски
    Бебешка пудра бекутан.
     
    На Bufi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.522
    Јас имам прашање после депилација на нозете на некои места растат поткожни влакна е сега се користат пилинзи од време на време за да не дојде до раст на поткожни влакна,сега сакам да ми каже некој кој пилинзи се најефикасни?
     
  11. steker

    steker Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    13
    imas maslo za posle depilacija za otstranuvanje na visok vosok i da se smiri iritiranata koza
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bufi

    Bufi Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    647
    Crveni damki izleguvaat koga posle depilacija se tusirate! Na toj nacin otvorenite pori se polnat so voda i se pojavuvaat tie crveni damki! Zatoa koga se depilirate ne se tusirajte 24saati i ke imate ubava koza potoa! Druga rabota posle depiliranje bilo kade stavete pudra bekutan, efektot samite ke go zabelezite:)
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Најефтино и најефикасно маслиново масло или бадемово со шеќер. За погруб ефект употреби кафеав шеќер. Кожата после тоа е премека, убаво исчистена пред се и мене со ова не ми излегуваат поткожни влакна, а употребувам електирчен депилатор за нозете од кој најмногу се појавуваат такви влакненеца.
    Ако не сакаш со масло тогаш можеш да си купиш од продавница. Јас го имам користено овој на Фрутини (синиот со кокос) и сум многу задоволна. Преубаво чисти и не е многу груб ама е доволно за да ексфолира убаво. Има во различни мириси како што можеш да видиш, сигурно се сите така добри. Тие во кутијата ги немам пробано и тие се пилинзи, а како што сум можела да приметам по структурата мислам дека се погруби. Целите се како во зрнца, а ова е како крем со зрца во овие во тубата. Во тубата чинат одколу 130/160 денари, а тие во кутијата е околу 250.
    Има и на Балеа, знам дека @Sexybaby86 нонтоп ги фали па еве нека каже и она збор два затоа што во план сум да пробам и од нив.
    [​IMG]
     
    На Sexybaby86 и elisabeta им се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.196
    Допаѓања:
    74.715
    Пол:
    Женски
    Од Балеа јас имав купено еден единствен пилинг во многу примероци како и обично :lol: и бидејќи стануваше збор за лимитед едишн, веќе го нема, па од тогаш немам најдено навистина добар пилинг за тело.
    Сакам богат пилинг со многу микрогранули, средно груб и нормално, со убав мирис. Овој беше со мирис на јаболко и цимет, не можам да го преболам.
    Сега си правам со шеќер, млеко и маслиново масло, поткожни влакна речиси и да немам, а постојано се депилирам со депилатор.

    Ќе пробам некој од овие Фрутини, ама не очекувам дека ќе бидат толку добри како Балеата.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    2.140
    Девојки дај кажете ми како да ми исчезнат црвенилата по нозете, како изгорено ми се рани :worried:
    Пред две- три недели скоро бев на депилација, често одам ама вака никогаш не ми с случило. Пред депилација се туширам и после нејзе си идам се мијам да не лепам и се мачкам одма со бекутан млеко.
    ;(
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.196
    Допаѓања:
    74.715
    Пол:
    Женски
    Немој да се мачкаш со млеко за тело, после депилација не е добро да се нанесува млеко за тело, па макар се работело и за бебешко.
    Подобро натапкувај пудра Бекутан или било која друга или пак земи си од аптека алое вера гел. Гелот ја лади и ја смирува кожата, па црвенилата ќе ти се повлечат за кратко.
     
    На LittleChili му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    15.641
    Пол:
    Женски
    Штом не сакаш да лепиш наместо бекутан млеко, мачкај бекутан масло. Мене ми беше ок маслото за после депилација, само мирисот ми беше некако специфичен и не ми се допаѓаше, сега го користам бебешкото масло на џонсон.
     
    На LittleChili му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    3.322
    Допаѓања:
    68.857
    Пол:
    Женски
    @elisabeta, од Балеа можам да ти го препорачам маслениот пилинг, во зелено кутивче што е. Освен што прави пилинг, маслото ја негува кожата и влажни, па потоа ефектот е како да си нанела млеко за тело. Јас сум задоволна, за таа цена е и повеќе од одличен (не се сеќавам колку беше, ама во секој случај евтин е). Мириса на лимон (содржи лимонова трева), и гранулите му се доста „груби“, убав пилинг прави. На допир е малку мрсничок, ама нека не те плаши тоа, кога ќе се измие кожата е баш навлажнета и мека, како што кажав. И помага за враснати влакна, проверено :)
    [​IMG]

    Исто, нешто поскапа варијанта од која сум задоволна е шеќерниот пилинг на Афродита од Spa линијата. Мислам дека има два вида, не сум сигурна, одамна го купив, ама одличен е. Овој е околу 500 денари. Меѓутоа, да бидам искрена, и Балеата исто ми врши работа колку и овој, што е трипати поскап, така што нема потреба да даваш толку пари. Балеа имаат неколку вида пилинзи колку што знам, па разгледај, сигурна сум дека ќе најдеш нешто :)
     
    На mims-89 и elisabeta им се допаѓа ова.
  19. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    6.597
    Мене ми е многу чувствителна кожата, дури и жената која ме депилира забележа дека многу ми поцрвенуваат нозете. Обично ставам бебешка пудра, но веќе неколку пати, после 2-3часа од депилација се мачкам со невеново или кантарионово масло. Многу помагаат и двете, се губат тие црвени точки и кожата е многу мазна.
     
  20. Bubamaricka

    Bubamaricka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    71
    Пробајте со кокосово масло. Мене ми се смирува црвенилото после депилација, а и секако е добро маслото за нега на кожата.
     
    На moon1 му/ѝ се допаѓа ова.