Мене пак нозете ни ми поцрвенуваат после депилација ни пак ми се појавуваат мозолчиња.А пак за надусниците ставам бебешка пудра или пак се бришам со овие марамчињава што се со масло од Veet
Јас до пред некое време ставав бебешка пудра оти сите зборуваа дека добро било за кожата после депилација, иако јас не видов добрини, ама не ми ни штетеше, и ја ставав онака, ради реда. Пред некое време го открив кокосовото масло и не само што со него се чистат сите остатоци од восокот, туку и ја прави кожата неверојатно мека! Ниедно црвенилце, точка или било што не ми излезе на нозете и рацете. Јас го користам буквално за се. Ми замени милион козметички прозиводи: како крем за лице пред спиење, крем за тело, лабело за усни, остранувач на шминка, кршливи нокти и подноктици, пилинг за лице со сода, пилинг за тело со шеќер, масло за сончање ( на моето кокосово масло пишува SPF 4, значи има заштитен фактор!!!), за нега на коса, за нега на стапала, го ставам и долу долкулку ми се појави кандида бидејќи ги уништува габичните инфекции, а кадидата е габа, исто и ако имате габична инфекција меѓу прстите на нозете (ви се лупи кожата таму и ве чеша). Е сега може и да се јаде, да се готви со него, меѓутоа сеуште не сум го пробала, ама ќе биде и тоа еден ден, а давало енергија доколку се консулмира орално. И треба да се внимава да се земе природно кокосово масло, а тоа не е течно туку е тврдо (не тврдо како камен, се разбира ), ако е течно тогаш не е целосно природно. Ако на него пишува дека може да се користи во исхраната тогаш е во ред.
Смеам ако се депилирам во 19 ч , (тогаш ми е закажано следен ден на плажа? Немам инаку кога да закажам
Некое од маслата на бекутан, за да се отстрани вишокот восок, по потреба и бебешка пудра. Ако има евентуално некое црвенилце или иритација, павловичева маст.
Help Пред 3 дена со восок (оној рол он што се загрева) ги депилирав пазувите. 1час подоцна ми се појави на едно место (како еден круг) црвен и многу ме болеше 2 дена. Сега не ме боли толку но на тоа место ми се лупи малце кожичка Искуства?? Решение??
Ништо си се изгорела со восокот ако бил малку потопол отколку што треба, па сега изгорената кожа ти се лупи. Следен пат внимавај восокот да не е врел. Мачкај се сега на местото со некоја крема.
Што користат козметичарките после депалиција на надусниците? Како за "дезинфекција" и против црвенило.