1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нега на тело

Дискусија во 'Канта' започната од frosyGrc, 12 јануари 2016.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Еве јас вака мотивирана од прво вежбање после 7-8 месеци отворам нова тема :)

    Во последно време некако најактивни се темите за нега на лице, шминка, па ајде малку да смениме.

    Како вие се грижите за вашето тело?
    Дали внимавате на исхрана, дали вежбате?
    Кој метод за отстранување влакна го користите?
    Дали практикувате некои третмани како на пример масажи за целулит?
    Кои препарати за тело ги користите (гел за туширање, пилинг, млеко за тело...)

    Додадете дополнителни точки за дискусија, мене ова ми текна од прва :)

    Еве јас да скршам мраз...
    До пред 6-7 месеци одев во теретана и малце се поправив иако вежбав доста напорно, последните месеци дури и 40 минути на степер ми беше кардио за крај после сите тие кревања и интезивни вежби во сала. Најверојатно не ми одговара теретаната и кревањето или нешто сум правела погрешно како на пример повеќе сум јадела отколку што треба. Како и да е, му се вратив на аеробикот од денес :)

    После празнициве си ветив дека ќе припазам повеќе на исхрана и еве неколку дена по ред денот го започнувам со цеден цитрон, а го завршувам со салата, до кога ќе ме држи ќе видиме.

    Несаканите влакна долго време ги отстранував во електричен депилатор, но бидејќи сум склона на подкожни влакна, сега се депилирам со ладен восок. Ме нервира периодот на пуштање на влакната до следна депилација, но тоа е што е...

    Имам проблеми со целулитот, огромни проблеми, имам пробано милион методи, ве молам ако имате некоја масажерка или некој метод што помага препорачајте!

    Од препарати, моментално имам Балеа млеко за тело за под туш, Лосион на Делиа и гел за туширање од Wine spa од масло од грозје..
     
    Последна измена: 12 јануари 2016
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.499
    Пол:
    Женски
    Темава неколку споени во едно. :)
    Си има посебни теми за диети и исхрана, посебни теми за депилација и целулит.
    Еве и посебна тема за нега на тело за козметички производи.
    http://forum.femina.mk/threads/Нега-на-тело.441/
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.