Секогаш се туширам пред спиење, се мијам со гел за туширање на Џонсконс Авено, потоа се мачкам со млеко за тело Елдена, масло за тело или вазелин, зависи од тоа колку ми е сува кожата после туширањето. Немам некои големи ритуали, доволно ми е ова за кожата на телото да ми изгледа супер, хидратирано и мазно. Еднаш неделно правам пилинг на тело, моментално го имам од Орифлејм со бамбус и маслинка, ептен е убав и многу пријатно мириса.
Денес во Космо го видов млекото на Гош, и убав мирис има. Ме интересира дали некоја го има употребувано и како е задоволна, од трајност на мирис, хидратација?
Кое поточно? Јас на пролет/лето си ги користам овие зашто имаат прекрасни мириси и одлични се. Мирисот е траен многу, и брзо се впива Хидратираат убаво, иако за мојата мнооогу сува кожа пак е малку. Чоколадото и cranberries* ми се за прлет, а кокос за лето *да ме убиеш не ми текнува како се на мк
^ Белиот беше А гелот за туширање? И тој феноменален мирис има ама да не ја суши кожата? И онака си имам сува кожа
Не мислев која боја од овие, овие сите се исти само по мирис се разликуваат. Мислев дали овие млека од гош или некои други Може овој на пример..... Нема веза, се разбравме
^ Јас го имам користено овој погоре и задоволна сум. Голем е не се троши многу брзо пошо јас се шлакам нон-стоп и тоа ми е битно. Има пријатен нежен мирис и прифатлива цена. Спојлер ама реклама му удрив
Да да, тие тубичките први, белото беше, и дека ти беа погодени не го пишав видот, многу практична сум А гелот за туширање е како млеково погоре во таква голема тврда туба.
Вака....кога бев мелечка постојано паѓав на коленици и кога ке ми зараснесе корупката од крвта ја корнев и ми останаа белези на кожата.Сакам да ги тргнам и пробав со една како крема или што и да е , но не ми успева(можеби и прерано очекувам резултати).Дали некој од вас знае некоја крема или што било што има резултати? Инаку не најдов друга тема па тука напишав Фала однапрет.
Не знам која крема си ја употребувала, ама јас би ти ја препорачала Contractubex. Дечко ми имаше лузна која целосно си ја доби нормалната боја на кожата после кратко време. Само што, бидејќи се работи за лузни од детството, значи поминало подолго време. А ваквите креми обично можат да помогнат на свежи лузни.
Се извинувам ако ова е офф топик, но имам еден проблем.. Порано многу грицкав нокти, за се нешто се нервирав и престанав, но сега кожата околу ја грицкам знам дека е гадно и многу лошо изгледа, но сепак пробувам да престанам... И да ве прашам како да се омекне козата и да порасне многу побрзо... пробував со кремови, со се нешто, ама не помага
Пред некој ден приметив дека кожата ми станала многу сува на нозете, кажете ми каква крема да користам за сува кожа ..
Девојки имам еден проблем .....од пред некое време ми се појавија сутни брумцинја на грбот( предходно никогаш не сум имала) незнам од што а многу ме нервираат и само си ги чепкам бидејќи имам многу чиста кожа и чудно ми е никогаш не сум имала брумчиња на ниееден дел од телото. Дали знаете нешто со што би ми поминале? А за три недели ке носам фустан со отворен грб и несакам да ми се познаваат...
Jaс би ти препорачала пред да ставаш крема да им правиш прво купка и да ти отстојат нозете во неа, жешка вода со некое масло, мене лавандата ми е сон за стапала. Па да им правиш ексфолијација и на крај да ги мачкаш со крем, незнам од авон тој со шеа путер-жолтите се најдоби бидејќи е најмрсен. Или мачкај ги со вазелин или со павловичева ама оригиналната. Потоа облечи чорапчиња. Остави ги на тебе чорапчињата неколку саати, и ќе ти бидат џоа бебенце Проверено
ОФ извини Ќорко сум жими се :geek: Незнам мачакај се повќе пади во денот исто си помрсна и похидратантана крема. Јас уште имам од авон путерот од мртво море(сивиот), и мислам дека тој бил еден од најдобрите за сува кожа, воопшто за тело. Мачкај се пред спиење и во текот на денот уште еднаш, мислам дека тоа ти е спас. Сабајле прскај се со некое хидратно масло, да ти иде помека кожата и поубаво да ти мисиса
Дали некоја од вас случајно имала проблем со црнки по нозе, од депилација како враснати влакна, и доколку имала дали може да сподели некој лек за тоа...бидејќи доага лето а јас нозеве неможам да си ги гледам