Мојата нова љубов новиот гел за туширање на NIVEA-Powerfruit Refresh од црвена боровинка и брусница. Преубав мирис, нежности абе уживанција, Ко ќе се рашири мирисот у бања џоа Клеопатра се осеќам. Следен за купување ми е другиот Relax, и тој мириса преубаво, кога купував не знаев за кој да се одлучам. Е овие два лусиони на Гош од Crème Brulée и Red berries ми се љубов на годината. Да не се распишувам со фалби, со еден збор-совршенство се.
Незнаев кај да го поствам прашањето па си викам тука.За депилацијата со веет крема на колку време од прилика раснат влакната на НОЗЕТЕ?
И јас имам тоа е можеби од што неможе да диши кожата пробај мачкај се со млеко почесто ќе оменке кожата.
Јас кога се депилирав за едно 3-4 дена почнаа да излегуваат, значи исто е и кога ќе ги поминеш со брич,само што нема да ти се згуснат како што го прави тоа бричот.
Побарај за стрии има цела тема, ама како што сум упатена нема чаре за ова. Ако се појавиле еднаш, нема исчезнување
закажи си на козметичар треба да ти ги стисне црнките на нозете да излезе валкавштината малку повеке боли-од лично искуство незнам, ама сум гледала како се прави тоа, а за убавина се се трпи
разлистај онлајн каталози Орифлејм,Авон,или сврати до некоја парфимерија нема што нема од препарати за нега на стопала
дефинитивно јас сум најмногу задоволна од johnson baby lotion lavender. исто така ги користам кремите од планет спа....и дефинитивно се неодоливи и премногу префинети...ем те прават да се чувствуваш убаво ем...кожата ја направт неодолливо мазна!
Јас имам едно питањце, мислам за тука ќе да е. Користев лосион на база на алкохол (морав, за отстранување на флеките од рацете) и сега нормално, кожата ми се лупи и целата ми е како перут. Како ќе можам за најбрзо време да се оттарасам од мртвиот слој на клетки, пилинг можеби? Ме интересира каков - да пробам со оној на Лилит? Блааагодарим.
Ммм тој на Лилит е најдобриот пилинг мене многу ми ја омекна кожата пробај и нема толку да ти се лупи ќе помине а после стави си и павловичева ако сакаш да ти омекне кожата многу мека ја прави јас ја користам демек за стрии ама нема многу резултати уште .
Ма мене највеќе ми беше за тоа дали со пилингот ќе успее да ми се доизлупи исушената кожа бидејќи грдо стои така, ама ќе пробам.
Девојки дали сте го користеле млекото на Афродита со златен сјај, какво е, размислувам да го земам , ама не знам дали е добро ? Инаку до сега најмногу ги користам бидејки имам сува кожа млекото на Нивеа и Лаура Вандини сребреното и сум задоволна од нив, ама ова ко за навечер не знам дали е убаво ?
Бидејќи е мрсна павловиќевата крема се впива во кожата и ја прави еластична. На тој начин спречува пукање на кожа и појава на стрии а НЕ дека ќе ти ги исчисти стриите