А дали доволно ја мрси кожата и дали мириот трае поздрав[/quote] нема некој јак мирис,но после нанесувањето и по неколку дена се чувствува благо мирисот на бадем ,и да мрсен е доволно ,посебно мене ми одговара за овие зимски денови,топло ти го препорачувам позз
Мене Елдената после месец почна така ружно да ми мириса, што отиде повеќе од пола шише во канта. Не беше поминат рокот, ама мирисаше исто ко да е и ниту ќе купам пак. Од друга страна сум презадоволна од:
Јас користам Dove сапун секогаш бидејќи не ми ја суши кожата, а потоа користам лосион од Авон. Конктретно не се задржувам на еден, ги менувам од време на време, некогаш земам за освежување на кожата, некогаш од тие миризливите. А знам и некогаш да свртам на млекото за тело од Нивеа.
По неколку дена нешто друго ќе се осеќа изгледа, тешко мирис на бадем За екстремно сува кожа пробајте го млекото на Гарниер со бадем и шеа путер. Ако немате ептен сува кожа избегавајте го, нема шанси да ви упие
Сакам еден совет, долго време немав ставено гел за туширање и ставив од Фа , веднаш се нафрлав по нозете, порано исто употребив од Фелче , исто се нафрлав, значи не знам, од Фа ставив на цело тело а , сум нафрлана само на нозете ... Совет подобар некој?
Сакам еден совет, долго време немав ставено гел за туширање и ставив од Фа , веднаш се нафрлав по нозете, порано исто употребив од Фелче , исто се нафрлав, значи не знам, од Фа ставив на цело тело а , сум нафрлана само на нозете ... Совет подобар некој?
Можно е да си алергична на некоја од состојките што ги содржат и двата гела. Пробај да користиш некој за чувствителна кожа.
Па добро , набрзина ги бричев нозете , ама нафрлана ми е само едната нога и тоа под коленото , хах дури самата си се чудев.... Викаш Дав е добар?
^ Е тогаш со сигурност од тоа ти се нафрлани нозете, не ти е од гелот. Инаку да, го имам користено овој, иако немам чувствителна кожа, ама супер си е. Ако си од Скопје, оди во ДМ, мислам дека имаше на Балеа гел, исто за ваква кожа, а поефтин.
Значи вака за бањање си користам бебешко сапунче еве вакво пошто ниту еден гел за туширање не ми одговара ме чеша телото од сите,пилинг си правам со шеќер оти ем имам голем позитивен ефект ем ми е поефтино отколку специјално да купувам пилинг ...потоа од лосионите не користам само еден туку си менам различни бидејќи брзо ми здосадува мирисот моментално го користам Gosh од cranberries вакво и тоа е тоа....а за тоа дали во лето и зима се разликува негата па да се разбира дека се разликува.....во лето користам повеќе креми со заштитен фактор за да си ја заштитам кожата од сонцето и со полесна хидратација бидејќи во лето кожата ми е помрсна...потоа си купувам повеќе лосиони со светки ги обожавам особено од авон тој од линијата skin so soft со златните минерали...а во зима преферирам продукти кои повеќе хидрираат бидејќи зимско време бајаги ми се суши кожата.
Во нашава државичка има вакво нешто Каде можам да ги најдам или барем нешто слично на нив каде може да има?
Во последно време, ептен ми се суши кожата на нозете, дури како првут ми се прави. Се мачкам со бекутан маслото што е ептен мрсно ама ништо само моментлно, следниот ден веке пак истото. А сум немала проблем со сува кожа, на грбот дури и мрсна ми е кожата. Препорачајте ми некое млеко за тело што ке ми ги оправи нозете?