Јас имам сува кожа и го користам средниот од овие. Но, сепак, не знам дали ќе ти помогне 100% затоа што не ми е толку сува кожата.
Гел - крем од невен. Го има во Зегин и е околу 170 ден за 250ml. Доволно е мрсна, а невенот ја смирува и обновува кожата. Доколку имаш проблем, ова би можело да помогне.
Од-Adidas Garnier Avon - моментално тие ми се за туширање и супер се потоа со Балеа лосионите за тело но оние до 40 % масло бидејќи другите не хидратираат, односно само како за мирис да ги нанесувам
Гел за туширање-Нивеа Harmony time Лосион за тело-Балеа од чоколадо и смоква..Ми иде сама себе да си се изедам кога се намачкам..преубаво мириса,и кожата ја прави многу мека,абе како бебче си се осеќам после тоа ...Го обожавам Сапунче-Dove exfoliating
Јас минатата недела го купив млекото на fruttini значи преубаво мириса вистинско чоколадо, ја прави кожата пре пре мека, но многу е горчливо штета за дечко ми
Девојки итно ми е. Дали знаете дали го има лосионов во МК и ако го има колку пари е? Го видов нагости и го мириснав многу убаво ми мирисаше Ваљда го има во МК Butterfly by Rampage.
Ова не е ниту крем ниту гел , маст е . И навистина е супер за сува кожа, јас го ставам на усни, лице исто и на нозете пошто ми беа така со првут.
^ Ако пишува на кутивчето така, значи така е Маст е комбинација од (или понекогаш нешто помеѓу) гел и крем. И тоа се само палета на збороци. Целта на зборот е иста _________________________________________________________ Претходно имам пишувано и од кремот на база на невен од Dr. Förster кој е поскапа но (барем за мојата кожа) поубава варијанта. И двата се солидни, но доколку е за пети и тело, подобра ти е поефтината варијанта. Сепак и двата се на база на невен и нема промашување кај него
вака во лето се туширам почесто(секој ден два пати) а во зима на секој втор ден. користам гел за туширање од dove,овошни шејкови и мојот најомилем шеа путер од планет спа во арома на чоколадо.посебна нега за стапалата пилинг турпија и хидратација,посебна нега на лице пена,лосион,тоник,специално сапунче и хидратација,и посебна интимна нега интимен гелсекојдневно плакнење со камилица и дезодоранс. засега е само тоа.
Дечки еве и од мене еден рецепт за пилинг, 1 лажица кафе, 2 лажици шеќер, 1 лажица сол (најдобро морска) се меша се и се става маслиново масло, при туширање само се топите со вода земате од смесата и трљате по тело мн е доброоо мека и нежна кожа
Се депилирав на рацете, крстниот дел од грбот и стомакот со Ролон Депи и цела се исфрлав на сите места со сиииитни бубулички што се полнат со гној... почнав да ги стискам пошто многу лошо изгледаат такви белички но страв ми е да не се влошат и постојано ставам бекутан бебешка пудра... Страв ми е да не ми останат, најмногу ми е зашто треба во петок да одам на одмор. Ќе ми поминат до тогаш? Што треба да ставам за побрзо да ми поминат? Да ги мачкам со хлорамфеникол или нешто друго?
Имама ваков сет и си ги негувам еднаш неделно. Спојлер Имам ги овие креми Спојлер Имама и вакво Спојлер Гел за туширање Спојлер Сунѓерче за туширање Спојлер Млеко за тело Спојлер Пилинг за тело Спојлер или овој Сапуни ги користам Спојлер Дезодоранс Спојлер Крем за раци Спојлер Разликата во нега мегу лето и зима е тоа што зимно време се туширам преку ден а летно време секој ден.
Истиот проблем и мене ми се појави на стомакот, се мачкам со хлорамфеникол веќе 3-4 дена и почнаа да се сушат и исчезнуваат. До петок тешко да ти исчезнат, ама се е релативно, секој има различен тип на кожа
Имам прашање. Во последно време кожата на телото ми стана многу сува и сурова до степен да се распукува. Кога бев во пубертет кожата ми варираше,сега имам нормална безмалку мрсна кожа. Користам само органски препарати и многу редовно се грижам за кожата. Како да се справам со сувоста, пробав со алое вера дури со подхранувач за лице,не помага. Некој совет!?
MalataNena, за тело можеш да ставаш вазелин после бањање, или пред спиење, проверено ти е ова, зашо мојот дерматолог го слушнав додека разговараше со колешка, па чим дерматолог става вазелин значи има нешо.