Креми за тело не користам, освен некогаш путер за тело чисто од мерак, за мирис. Ама затоа луда сум по гелови за туширање, никогаш два пати по ред ист не сум купила, сакам да пробувам разни и разни. Моментално го имам новиот од Нивеа, со него не ми треба ни путер за тело бидејќи ефектот е буквално како лосион за тело да си ставил, не е лажачка. П.С. Би сакала да ми препорачате некој пилинг за тело, сакам да почнам да користам по препорака од козметичарката, за полесно никнување на влакненцата.
^Најубав пилинг што сум го користела до сега е шеќер измешан со маслиново масло. Прекрасно нешто е,природно и преубава ја остава кожата.
да, нежен е и добар е за честа употреба, не ја суши кожата и не мириса нападно на ванила. исто предобар пилинг за тело е од авон од маслиново масло од планет спа незнам дали го има сеуште, малку е погруб ама е предобар. гел за тушириње земав од фитогал од дм на акција им беше 72ден, добар е од авокадо и преубаво мириса, предтоа имав дав од калинка и ми ја сушеше кожата. млеко за тело моментално користам од авон било какво дека имам 2,3 на залиха. за интима бекутан сапунче со камилица, исто такво имам и за лице (па еднаш дневно си го мијам со сапунчето)
Nekoj gel za tusiranje i posebno sto mi treba mleko za telo nekoe so zenstven miris bi mozelo nesto kako jagoda vanila kokos sto bi go poludilo partnerot so prekrasen miris ??
DOVE лосионите за тело дефинитивно ми се најдобри...има со мирис на ванила, кокос, бадем....сите прекрасно мирисаат
Феминки, никогаш не сум се потела ни мирисала, сега откако се породив и најмногу од доењето многу се потам и мирисам. Нон стоп се туширам, мијам, прскам со дезодоранси.. ама некако мирисот не трае. Ај предложете ми некој ЈАК гел за туширање што долго трае и некој таков дезодоранс. Благодарам!
^Еуцерин имаат многу ефикасен рол он и дезодоранс против потење. Само во аптека прашај дали смееш да го употребуваш додека доиш. Општо никакви хемикалии во тој период не се препорачливи,па затоа можеби најдобро е да пробаш со втривање сода бикарбона. Најприроден начин за отстранување на непријатен мирис е.
Неможам да замислам капење без да се намачкам со млеко за тело и да мирисам убаво сега го користам од фармаси од кокос е и преубаво мириса и трајно е.
Спојлер Не знаев каде да прашам, ама ако има друга соодветна тема преместете ми го прашањево. Има спас од црвениве точки по целото тело или да се збогувам од кусите пантолони и од рамбовките? (навистина непријатно изгледа) *наследно од мајка ми, ми е
Јас за туширање користам гел од орифлеим преубаво и нежно мириса како рози така нешто. Ама за жал миризбата трае едвај 2 дена ништо повеќе. Ако вечерта се избањам утре ке мириса и веќе другиот ден нема толку. Ете овој е. https://www.google.com/search?q=oriflam ... B645%3B645 немаше да го порачам ама другарката ме замоли и недостигаше уште 50 денари да направи порачка незнам што и го зедов мислам дека беше 89 или 79 денари ич да не ве излажам. А имам и едно млеко за тело преубаво е за бебиња е ама многу убаво мириса ако се намачкам пред да облечам после и алиштата ми мирисаат. Ете ова е https://www.google.com/search?q=becutan ... B215%3B215 И си користам прекрасен спреј од Авон кој го платив малку повеќе ама презадоволна сум од него, штета шо ми е при крај. https://www.google.com/search?newwindow ... B500%3B500 ете ваков. А за под пазувите едно време мајка ми порачуваше од кај една колешка некој германски спреј ама многу ме печеше и почнав да си користам ете вакво од орифлеим. https://www.google.com/search?newwindow ... B345%3B345
Моментално го користам млекото за тело на Sattwa од Алкалоид http://www.alkaloid.com.mk/sattwa-h...-bademovo-maslo-kamilica-i-so-d-pantenol.nspx презадоволна сум имам сува кожа супер ми ја омекнува и мириса убаво. За посебни прилики користам лосион зa тело Antonio Banderas Blue seduction со бронзени светки.http://att-i.shoebuy.com/pi/fragr/jb/fragr547880_273897_jb.jpg Гел за туширање Фелче. Инаку сум користела разни гелови за тело и млека за туширање почнувајки од еуцерин па се до оние од кам, секогаш сакам да пробам нешто ново. Сега се мислам кога ќе го потрошам овој да си купам белеа кремот за тело од кокос. Какво искуство имате со него, вреди ли да се проба ?
Едвај ја натерав мајка ми да ми дозволи на депилација рече - ќе одам јас да видам како е па ќе ти дозволам ако е добро. Но не испадна добро на мајка ми и се појавија црвенила а таа има иста кожа чувствителна ко мојата и рече дека било многу нехигенски па не ми дозволи рече ако сакаш дома прави си само немој да одиш таму. Е сега, кога е таква работава сакам да се издепилирам на нозе, раце, и бикини ареа не целосно пс. никад се неам долу депилирано а да и над усните се немам! Ај некој поискусен нека ми даде совет со што како и од каде да го купам и нормално колкава му е цената имам заштедено нешто за депилации па ќе успеам да купам се што е потребно дури и лосиони за пред и потоа само кажете што е потребно за да изгледам добро летово. А да, ако не е проблем кажете и нешто за стомак,за грб одстранување дали ќе биде креми бричови восоци и незнам што препорачајте како и да е имајте на ум дека не сум добро запознаена со ниту еден од тие производи. И да, имам 15г.
А да пробаш со шеќерна депилација? Јас така се депилирам и ми успева,ама само на рацете и на нозете,на друго место не сум пробала со тоа. За надусниците користам veet ленти. Инаку и јас имам многу чувствителна кожа па од кога почнав со шеќерот немам никакви алергии и црвенила, пред тоа одев по козметички салони па сама дома пробував со восок ама од се добивав воспаленија на кожата, сега со ова ми е супер.
Исто и јас со шеќерот раат видов. Со восоците од козметички салони,па и дома добивав секакви алерги и лишаи од кои ми беше мн тешко да се ослободам, исто и јас имам многу чувствителна кожа. Од шеќерот само тогаш за тогаш имам црвенило и толку.
Се туширам секој ден пред спиење, а секогаш користам разлилчни производи. Брзо ми здосадуваат ама и многу љубопитна сум па сакам се да пробам па така секој пат завршувам со различен гел за туширање и млеко. Моментално ги користам овие работи: Гел за туширање: Млеко за тело и путер: Преубаво ми мирисаат, гелот за туширање е со гранули па убаво чисти, млекото не нуди некоја голема хидратација ама затоа путерот е супер, ја омекнува кожата. Еднаш неделно користам пилинг: После пилингот се масирам со масло за тело кое ја тонизира и зацврстува кожата. Тоа исто така го правам еднаш неделно. Го користам ова масло: Во зима користам помасни креми, а во лето полесни. На посувите делови употребувам павловичева маст или мастот од невен на Балеа: Одличен е, го користам и за стапалата па облекувам памучни чорапи, наредниот ден нозете ми се многу меки и сувите делови ги нема. На интимна депилација одам еднаш месечно, а рацете и нозете си ги депилирам со апаратче за депилирање дома исто така еднаш месечно, слабо ми растат јеееј! Пазувите ги средувам со брич, а дезодоранс и стик се задолжителни секогаш. Најчесто ги користам Дав. За посебни прилики и излегувања користам парфемирани гелови за туширање и млека за тело. Од неколкуте што ги имам овие на Версаче ми се омилени. Добро знам дека се осеќам на километар после гелот, млекото и парфемот во истиот мирис Да не заборавам дека храната и физичката активност се клучен фактор во негата на телото. Јас ги практикувам и двете и затоа сум
Здраво , Откако се бричам нормално сакам да ставам лосиони на телото за да ми биде мазна кожата но никако да погодам на некој сто не ми "печит" на кожата за после да сум полна со џрвени точки на телото ...ај ве молам на некој избор на лосион за после бричење а и да има и мирс во него
Мислиш на трајност на мирис, сигурно. Најмногу што ми траат се оние од викторија сикрет мирисаат и пижами и блузи од него На второто облекување. Доста се трајни, а хидратантни не се многу многу, пјур седакшн и лав спел најмногу ми траат. Исто и лосионите за тело од авон што одат во комплети со парфемите и тие не се лоши така поефтина варијанта. Ако сакаш обака на чисто да мирисаш а да е потрајно тогаш нивеа и ониј од кам плавиот.тие се кладика крема/лосион за тело
Сакате да имате здрава и цврста коса и нежна и здрава кожа? Потребен ви е само еден производ, а тоа е сапун изработен од свинска маст и сода. Верувајте подро од тоа нема. Дколку сами ја правите можете да додадете невен, мајчина душица лаванда... за мирис.