@Ice&Fire Ти го препорачувам овој крем на Нивеа. Многу брзо се впива во кожата, ја права мека, мазна и има пријатен мирис. Редовно го користам и не палнирам да го променам.
OД Coirnne de farme , Не е скапа многу и и што е најважно огранска е , Нема да се покаеш , ја креми не сум ставала никогаш , имам многу мека кожа , ја открив кога изгорев од сонце и продолжив зимава дека од ветерот знаеше да ми испука кожата на раце. Во Зегин ја имаш , јас и влажните марамици и мицеларната вода ги користам од истото , топло ги препорачувам , пристапна цена за секој . Кремава No1 до сега од се што сум пробала , дури и Еуцерион кој кошта 3 пати дупло повеќе.
Женски, некое добро, не многу скапо хидратантно млеко, без многу штетни состојки. @Biodevojka , anyone?
Здраво драга мене лично многу ми се допаѓаат путерите за тело на алверде. Имам пробано два еден со арган и еден од линијата за мајки кој е навистина фантастичен (од линијата за мајки си го купив и гелот за туширање кој е многу убав исто така). Цената им е околу 200 денари, што воопшто не е скапо за производ од 200 мл. Друго не ми текнува во моментов затоа што во последно време за тело си правам сама креми. Ако ми текне уште нешто економично ќе ти пишам. Можеби некоја друга феминка ќе знае да ти препорача нешто. п.с. ми текна дека и на Санте млеката за тело не беа нешто многу скапи околу 400 денари. Имаше едно многу убаво мислам дека од калинка беше. Другиве на органските марки кај нас се поскапи од 600 па нагоре, бе знам до која цена те интересира. Поздрав
Девојки, дојдов на идеја да почнам да продавам од мешавината која јас ја користам против целулит, преку цела година, разни антицелулитни креми, цветови,кофеин и масла... Мене премногу ми помага, ја мачкам секој ден и еве немам целулит, а и не ми се враќа... Ме интересира дали некоја од вас би била заинтересирана да купува, доколку е по цена од околу 400 денари+доставата? Подетално доколку ве интересира пишете ми лп
Сум користела секакви млека/креми/путери и најмногу ми се допаѓа балмот на Neutrogena. Какви и да пробувам, колку и да ми се допаѓаат, секогаш му се враќам на овој. Едноставно, одличен е. Неодмна почнав да го користам овој: Морам да го пофалам, супер е. Многу ме потсеќа на овој на Неутрогена, слично мириса и слично се нанесува. Брзо упива и што ми е најважно, не се чувстува после нанесувањето, ги мразам оние кои потоа ги осеќаш како посебен слој на кожата. 200 мл за 220 денари во Cosmo.
Еден од подобрите производи за тело што сум ги користела. Одвај чекам во понеделник да си набавам ги најдов на попуст сите производи од Eucerin па може да си се почастам и да си земам уште нешто.
Женски, Дали некоја од вас го има видено млеково на Nivea за многу сува кожа??? п.с ако некоја го види во некој од локалните маркети ве молам да ми кажете
Ми треба некој добар лосион/млеко/путер за тело не битно што е , за сува кожа . Нешто да ми предложите? ?? Ќе одам деновиве и во Дм па може и од таму да е нешто.
@GoldenRose. I jas imam suva koza a imam koristeno lasioni od avon I id cvetnite I od ovosnite I solidni se za taa cena,ubavi mirisi imaat. Posto go spomna diem od tamu letoto imav zemeno preubav lasion so miris na praska mislam deka bese mene mnogu mi ja omeknuva kozata I preubavo mirisa. Cenata mu bese okolu 100 denari da ne te izlazam ne se sekavam tocno ama tuka nekade e. Lasion koj isto taka ja omeknuva kozata I pravi mnogu nezna e onoj od kam zaboraviv kako se vikase, okolu 100 denari mu e I nemu cenata ana be bi go kupila nikogas poveke ne mi se dopaga mirisot.
@eloves јас си купив пред некој ден шеа путер на Алверде со ореви и макадамија , пишуваше дека е наменет за многу сува кожа. Добро си ја врши функцијата , и дава солидна хидратација на кожата само мирисот не ми се допаѓа . Од Авон тие ги немам користено а тој од Кам Елдена се вика инаку, го користев еднаш но не ми е нешто , хидратацијата ми е само моментална додека да се намачкаш после се суши кожата..а мирисот па напротив мене ми се допаѓа.
Бидејќи си правам терапии со јаболков оцет на, ко што вика мајка ми, двата прста коса што ми останаа на главава (една е мајка увек те држи цврсто во реалноста)... решив да го испробам оцетот и во купка. Па, минатонеделната моја сеанса -киснење во купка, го заменив со киснење во тркалца лимон и јаболков оцет. Не користев гел за туширање, не користев нити млеко потоа. Кожата е мазна и мека, сеедно сум правела пилинг. Од она што прогуглав, јаболковиот оцет отстранува мртви клетки, ја тонира, измазнува, потхранува... и и' ја враќа pH вредноста на кожата, стимулира циркулација. And not only that, works like magic наводно и за интимните делови анти-габични (кандида и слично) инфекции. Помагало и при егзема и сличните, ко и за поткожни влакненца итн. Па, ако си правите детокс од внатре - со храна, комотно направете си детокс и однадвор. Денеска мене ми е ден за тоа пс. не користете гел за измивање. Само со млаз вода. Една - две чаши сипете во топла вода.
Бриџит, најискрено ми е тешко да осетам оти косата ја цапам исто во доста оцет. Ама, мислам дека не, оти не е ко со косата да чак толку кожата упива мириси. Плус, ти после купкава... ако ме прашуваш мене,комотно цапај се со некои масла - не млека за тело. Земи си маслиново, кокосово, путер од какао или... какво сакаш. Мене пример кожата после бањање ми е сува. После ова со оцетот..не ми беше.Испробај еднаш па види ако те ареса