Здраво! Јас се извинувам не успеав на најдов тема за "габички по тело или габична инфекција", ако може на кратко да прашам: последениот период на грбот (над грбот поточно) имам неколку ситни габички, бев на кожен лекар тоест дерматолог ми препиша да се прскам со Екалин http://www.jaka80.com.mk/proizvodi/item/1-lekovi-so-recept/23-ecalin, и навистина делува ги снемува, но по некој период 3-4 месеци повторно се појавуват истите и на исто место. Некој совет/препорака би ве замолил. Благодарам однапред!
Кога станува збор за гелови за туширање, лосиони/кремови за тело јас сум жива мрза за користење. Ќе изнакупувам триста креми за раце и тело зошто преубаво ми мирисале и потоа најголем дел од нив ми стојат на полица. Тоа е така зошто понекогаш се бањам пред да излезам некаде, па немам толку време да се тинтрам со нанесување на лосион за тело, па крема за раце, крема за нозе, кокосово масло за лицето... Во глобала, јас сум опседната со мирисите на производите за нега на тело, и ако не ми трае долго мирисот на телото се нервирам и се случува да го забаталам производот. Така што, препораки за убави миризливи креми за тело се добредојдени. Кога имам време, најчесто ритуалот после бањање ми е нанесување на крема за стапала од Орифлејм со киви и ментол (освен убавиот, свеж мирис за ништо друго не ја бива, сега ја ставам само колку да ја дотрошам) ,на лицето нанесувам 3 во 1 гел против црнки од Авон, го чекам да се исуши некоја минута па го измивам. Потоа лицето си го чувствувам чисто, свежо и мазно, па наместо крема за лице ставам кокосово масло кое брзо ми упива и кожата ми е мека како бебешко газе. Крема за тело моментално не ставам зошто ја потрошив последната, а и процес ми е тоа дур го нашлапам цело тело, плус мека ми е кожата, не ми е сува па да имам некоја потреба од креми. Неизбежен ми е и балсамот за усни Tender Care од Орифлејм, иако има куп штетни состојки устата ми ја прави помека од било кој друг балсам/лабело. Заборавив да кажам, за бањање ретко користам гелови за туширање зошто ќе ми отиде цел за една употреба. Си користам Dove сапунчиња, секогаш со различен мирис, кожата ми ја прават мека и свиленкаста, после тоа не ни имаш потреба било што да нанесуваш. На лицето ставав пилинг од праска, маска од боровинки и гел од лубеница уште додека сум под туш, исто од Орифлејм... ме мрзи да одам до ДМ/Космо да си купам козметика, вака лежејќи лесно ми е да си нарачувам. Пилинг за тело имам еднаш користено, ама не забележав некоја уау промена, па кога го потрошив тој не си земав пак. Порано знаев дома да си направам природни маски за косата, или да ја полијам со чај од камилица па да ја оставам да постои така некои 10-15 минути, па да ја одмијам со вода. Кога ми беше ептен досадно, си правев и домашни пилинзи за лице, ама најчесто или немам време или ме мрзи, така да тоа е ептеен ретко.
Имам масна кожа, препорачајте ми лесен лосион за тело што негува и пред се да мириса убаво и долготрајно
JAs go koristam eden od Avon so cokolada syo e.Stvarno preubavo mirisa...da go izedes.Kozata ja ppravi meka i nezna kako bebeska.
На лаура вандини розевиот е прекрасен. Гранулите се таман големи, а мирисот е прекрасен, го обожавам. И најбитно прави убав пилинг на кожата. И на орифлејм, од сведиш спа линијата е прекрасен. Ја остава кожата мазна, мека, сјајна многу ми се свиѓа ефектот. Не ја суши дури и како да ја негува. Земи го нема да погрешиш.
i jas vo momentov imam eden od avon so miris na cokolado,preubavo mirisa ama kako da ne e piling,ni granuli ima ni nesto posebno. a posle tusiranje ja pravi meka kozata ama ne mi e kojznae sto stom ima dobri granuli bi go probala,bas takov baram,a ke moze da mi kazete odprilika koja bese cenata?
Најново откритие ми се производите на Dust & Cream. Грчки производи се,имаат продавници низ цела Грција и многу потсетуваат на производите на Body Shop,со таа разлика што се многу поефтини. Мирисите,имаат навистина широка палета,се преубави. Ги пробав путерите и млеката за тело,супер ми се покажаа до сега,убаво ја хидрораат кожата.Интересен момент ми беше што се продаваат рефус,купуваш онолку милилитри колку сакаш од оној мирис кој сакаш. Кокос и манго,тоа се мирисите кои ми се омилени од Боди Шоп,ги земав и од овие и воопшто не заостануваат ни со квалитет ни со трајност. Има и многу други козметички препарати и декоратива и препататива и не содржат парабени. Следно одење кај јужниот сосед,ќе ги пробам и останатите производи. @koritsaki дали си ги пробала останатите нивни производи?Имаш искуство?
@ph.orhideja Продавница на Dust&cream отворија пред месец дена во мојот град , а претходно имам читано на нет за нивните производи. Точно е дека доста луѓе ги земаат нивните производи и се добри и евтини , јас препаратите за тело ги немам пробано , но еве моја другарка често купува од нив и ми кажува дека е задоволна. Имам пробано парфем на точење ми го имаа купено за поклон и се ок , продаваат парфеми на точење копија од познатите марки на парфеми. Исто и лаковите за нокти им се многу добри ако се најдам во близина баш ќе земам еден да пробам. Од форумов баш @Yowannty ги има пробано и таа ги фалеше
@ph.orhideja јас лани како ги открив не излегов од тие продавници. Од лани лето до сега, милион пати сум била. Ама dust&cream иако е солунска фирма, таму е фабриката, не се само грчки производи туку и увезуваат (не сум сигурна дали имаат грчки шминки). На пример лакчињата се, ацетонот е, и им е многу добар исто. Ама шминките не се нивни. Најчесто полски се и кинески. Имам дома шминки купени таму па знам. Ништо од шминките што ги имам дома не е грчко, може има, ама не сум приметила во тие 2 продавници каде најчесто одам одам зошто ми се најблиску. Откако ги открив лакчињата, до сега ги имам заменето сите останати со овие лакчиња, дури се подобри од опи, кои претходно ми беа врв. Сега само овие ги користам. Имав лани една крема од таму земено, ама не памтам чиво производство беше. Баш сега кога ќе одам ќе проверам. За парфемчињата потврдувам дека има избор и трајни се. Иначе боди шоп се ексклузивни и само боди шоп производи има по има по боди шоповите. Ја генерално од препаратите за тело од таму сум презадоволна. Посебно кремите имаат многу специфична текстура на допир, ама кога ќе се намачка е изненадувачки лесна и не се чувствува на телото. И геловите за туширање се предобри.
@Yowannty ,Боди Шоп ми се незаменливи,со години ги користам. Но,сега сосема случајно налетав на продавницава и влегов.Цените ме изненадија и решив да пробам,од путерите и млеката за тело само земав.100 мл млеко за тело 2 евра,a путер 200 мл 3 евра.Неколку дена ги користам и сум многу задоволна. Шминките не ги гледав,а лаковите ако се добри и трајни како што викаш,следно одење ќе ги пробам.
@ph.orhideja се сложувам за боди шоп. Си држат цена ама знаеш дека вреди. Ме заинтригира со млеката и путерите. Лани земав еднаш ама воопшто не приметив од каде се. Иначе и тоа јас што го користев тогаш не беше лошо. За лакчињата кај све ги имам изрекламирано треба за заштитно лице да ме земат. Обичните се евро ипол, тие што се сушат за 60 секунди се 2 ипол евра, а тие поспецифичните со светки се 3 и нагоре. Генерално сите се сушат брзо, имаат фина текстура и еден слој е доволен, а си задржуваат сјај и неколку денови. Сега зависи и од нокт до нокт, мене ми се ептен погодени.
За 1000 и кусур денари можеш да направиш многу DIY верзии на скработ. Како на пример оваа: Скработ го има во DM и ако има состав можеш да го "копираш" рецептот и да си направиш свој. Повеќето скрабови се со овие основни состојки: кафе, шеќер, масло. Слободно играј со состојките и ќе направиш многу варијанти. Јас си направив еден со кафе, маслиново масло, шеќер и морско оревче. Денес го пробав и кожата ми беше премека.