Ако самите не се грижиме за нашето тело, кој ќе се грижи, комшијата? Сакам да се средувам и да го негувам телото.На лето се туширам секој ден, додека на зима на секој 2 или 3 ден, ми студи, зиморлија сум. Се туширам со гел за туширање имам пробано и од Авон и од Орифлејм и Фа и Нивеа и рексона и од продавница и често си ги менувам, затоа и немам омилен ама сакам да мириса на чисто или на некој овошен или цветен мирис. После туширање користам млеко за тело од Авон или бекутан крема или уљето и си ставам и павловичева некогаш кога имам потреба.На лето користам и спрејови од Авон тој од црешна имам и еден зелен СКИН СОУ СОФТ прекрасно мириса.Користам крема за раце, една од La ligne од камилица имам и една од Орифлејм .После секое туширање обавезно под пазувите се прскам со дезодоранс со 24 часовна заштита против потење, користев повеќе време од Рексона, имам пробано и од Фа , а сега од Нивеа користам.
Кога се туширам , некој гел од авон , орифлејм или нивеа .Од орифлејм ми е добар тој со млеко и мед што е , убава ми е кожата после . А имам и тоа со црвен портокал гел и спреј , од орифлејм исто и обично кога се туширам со гелот , ставам од спрејот Нивеа од портокал имам , ама ретко го користам зашто као да ми лепи , иначе убаво мириса. Имам и спреј од авон од цреша ама здосаден ми е . Слично као Лукс отприлика
Имам сува кожа на телото, така што прво практикувам пилинг. Се' што има микрогранули доаѓа во предвид. Од Palmolive ја користам сината Termal Spa, од Adidas белата купка Coton исто со зрнца, имав и една од Oriflame со маслинки и алое... Што и да е, со гранули да е! Од средствата за туширање најмногу ме бендисуваат на Nivea, ги имам пробано скоро сите и се преубави. После туширањето не практикувам млеко за тело, премногу ми е лепливо, чувствувам дека кожата ми се гуши и не може да диши. Ама затоа ја "давам" во лосиончиња. Од поомилените во последно време - на OPEN - ванила и колачиња, или чоколадо и портокал, двете се преубави. Да би имала секогаш доволно парички, не би се мрднала од Freeman - се' е одлично - Truly Luscious лосионите, и BODY LOTION Coconut & Guava (морам да ставам и слики) Инаку, многу ефтини се нашите лосиони на Галафарм мислам, околу 120 ден. во едно мало, интересно пакување, посебно тоа од ванила, јагода и брусница, и за тие пари воопшто не се лоши.
Victoria's Secret se najubavi za suva koza definitvno i baska ne moras da koristis parfem poso stavrno jako mirisaat!
Секое бањање ми се состои со триење со мрежа за бањање по цело тело,а нозете откако фати сезона за диети обавезно ги тријам со талог од кафе измешано со морска сол и ѓумбир.Користам гелови од Авон,сега ми е актуелен Алоха,ме расположува многу кога ќе го мириснам,најчесто од тие користам,но ми се случува и Дав со краставица или Палмолајв со маслинки или термалспа со гранули. Задолжително Рексона,ама зелен или син,полесни и свежи мириси сакам за под пазуви. Користам лосиони,најчесто Дав со краставица,Планет спа од Авон (сега тој лилата со тајландски цветови),јогурти за тело од авон (последно,вчера ми стигна,се заљубив во овошниот мирис,манго и гуава ммммммммх).Често од колената надоле нозете ги мачкам со павловичева,стапалата задолжително со неа или некоја крема за стапала,па во чорапи додека да упие.Исто од Гарние ми се супер,особено хидра лок со розе лентата или она за осетлива кожа со црвена лента,плус преубаво ми мирисаат,на чисто и женствено.Користам и парфимирани за посебни прилики,Пјур бланка,Тумороу и Тудеј од Авон,Дилајт и Воларе од Орифлејм.Избегнувам млека и лосиони на Нивеа,зошто ме лепат и грбот ми го мрсат премногу и ми се исфрла од нив.Зимно време практивкувам помрсни млека и лосиони,со потешки мириси,како цимет,ванила,а летно време полесни за кожата и полесни за нос,претежно цветни,овошни,водести мириси. Еднаш неделно задолжително си правам длабински пилинг,ама дома си го правам,иако имам и одДебора,ама некако не се чувствувам како навистина да сум направила пилинг,па го користам повеќе од еднаш во неделата зошто е поблаг.Инаку домашниот го правам со шеќер и маслиново масло,а потоа се мачкамсо зелена глина по цело тело,ги киснам и стапалцата со содабикарбона и морска сол,потоа си следува редовната рутина.Тука спаѓаат и маски за лице и коса,ама си има посебни теми и подфоруми за тоа.
Значи како што спомна Lilit мрежичката ми е непоходна кога се туширам, кога излегувам од под туш,од неа сум цела црвеници од што се тријам со сета сила како луда... Геловите за туширање ми се постојано од Avon на senses и најчесто го користам оној лилјаковиот на кој што пишува Reflektion,мирисот ми е некако како створен за мене...ептен го обожавам. Пилин за тело ставам исто така од авонна senses ама плавиот-Lagoon,и многу сум задоволна од него кожата ми ја прави посебно нежна. Млеко а тело(кога не е дечко ми тука)сатвам Бекутан,а инаку исто така користам од авон од овошните,сега последното ми е од малини ама уште не ми е почнато го чекам да се врати дечко ми па да почнам да го употребувам. Стиковите на Rexonа ги користам посебно розовиот-Crustal ,нај убаво ми мириса,го обожавам.На интимната зона постојано ставам кремче Бекутанче,и на стаплата ставам Foot works кремот е одличен.. Во план ми е да почнам да ги користам производите на Planet spa од авон многу го фалат путерот помагал и за поткожни влакна па здравје ќе видиме..
за туширање користам гелови на авон или од дав. Редовно ставам млеко или лосион за тело исто од дав ама почесто ги користам планет спа од авон сите ми се испробани и нема ниту едно неубаво сите ја хидратизираат кожата и ја прават мека и нежна на допир (значи ова после секое туширање)а пред излегување најчесто користам лосион за тело ист како што е и парфемот(доколку има) и така најубаво се чуствувам (парфемот подолго ми трае)
Ги користам прозиводите на авон.За туширање имам авон сенсес лагун,натуралс-црна цреша и оној големиот на јаготка што мириса.Прекрасни ми се.После туширање користам млеко за тело на натуралс-црна цреша.Исто така и спрејчињата на натуралс се многу добри и често ги користам.За лицето најчесто го чистам со јанг дерм лосион и млеко за лице на кливен.На некои делови од телото користам павловиќева маст.Шампони користам од авон-адванс техник шампон и балсам за волумен.И како што кажа лилитка обавезно триење со мрежичка.Мразам туширање онака само вода да помине За под пазуви обавезно дездоранс или стик.
Видиш и јас од авон. Гел за туширање од маслиново масло,после исто од планет спа крем за стапала од Шеа Путер,Крем за тело Сигнатуре Силк,друг лосион за тело Алоха многуу ми е убав,Јогурт за тело од праски Па мање више тоа
Користам производи од Avon. Гел за туширање Senses и спрејови - едниот е од цреша и морски оревчиња, а другиот од јаболко и анамска рака.
Во зима користам мнооогу млека за тело најчесто од орифлеим или авон и тоа оние парфимираните со повеќе хидратантност а исто така многу користам и бекутам пошто најубав ми е кожата ми ја прави мека и како на бебе а и мириса најслатко ... А налето повеќе користам јогурти при туширање и тие исто повеќето од авон оние од летната колекција.Како и да е,лето или зима кожата секогаш треба да биде нахранета и здрава,никако сува или испукана... тоа е бљаак
Порано користев гел за туширање од орифлејм оној со мирис на кокос и од авон сенсес лагун кој пренајубаво ми мириса.Сега користам колекција од ФриМен која ја доби мајка ми на поклон за 8ми март.Користам гел за туширање кој преубаво мириса,потоа лосион за тело од краставичка и уште нешто,тука има и маски за лице но не користам маски,има пилинг за тело и некои мали кесички. За лицето користам Бекутан млеко,но сега веќе 1 недела ја користам кремата Џордани од орифлејм од која сум презадоволна,се нанесува и брзо се суши и кога ќе го фатите лицето преубаво ви е а и убаво ми мириса,за лактите користма крема мала од орифлејм паковката и е како мала коцкичка,сјајчиња имам од орифлејм-орифлејм бјути и она што го имаше како преврзок за телефон.
обавезно пред туширање правам пилинг на телото потоа се туширам со геловите на авон (се тријам со ракавица) а после туширање обавезно ставам млеко за тело ЕЛДЕ или се мачкам со павлоличева
гел за туширање на фелче азура,и обавезно се тријам со сунгер од рапавата страна,ама сега не се тријам за да не ми падне бојата,после млеко за тело пак фелче азура-dolce (има едни нови нооогу се добри) а за special effect-dove со светки ,и крем за лице дав,ми одговара за лето не е многу мрсна.Инаку на фелче козметиката ногу ми се свиѓа ефтина е и квалитетна
Значи после депилацијата,на било кој дел од телото,затоа што за да ви биде чисто телото прво треба да ви биде мазно,после тоа следи негата. Јас за коса користам Нивеа дајамонд глос..И просто го обожавам! За тело користам скоро се од Орифлејм. Зачленети сме таму јас и сестра ми и мајка ми и многу често користиме гелови за туширање,лосиони,кремови,пилинзи,за лице,за стапала..За се од таму! После туширањето ако не се намачкам со лосион,јас некако не се чувствувам убаво... А да не зборувам за парфемите...Тоа навика ми е само кога ќе го погледнам да си шприцнам! Па личе ли девојка да не се негува и да не мириса убаво?!
Најдобриот дел од денот - кога ќе искочиш од купатило, чиста, миризлива, светлуцава Геловите за туширање ми се слабост, секогаш кога ќе видам нешто ново и интересно, купувам. Ама засега најомилени ми се уљето за туширање од Нивеа - доста ми одговара затоа што имам сува кожа, потоа Bourjois - преубаво им мирисаат геловите, и во последно време цела колекција на Nivea Angel star. Млеко за тело - бекутан, и Џонсон, не би ги мењала за ништо, поготово овој вториот. Најубав мирис има според мене Исто се ок и путерите за тело, ама доста силен мирис имаат па ако се намачкате со путер од какао, ви иде да си ги излижете и изедете рацете
Некој да не сретнал кај нас Џонсон,стрес мелт производи?!Не можам ништо да најдам освен бебешките производи...