@shining_star А дали знаеш која цена е, и што препорачуваш повеќе кокосов путер или кокосово масло? Благодарам
@strawberry111, последно го зедов од Еурофарм и беше околу 250 денари. Мислам дека исто е кокосов путер и кокосово масло, бидејќи на ладно се стврднува, а на топлина се топи, па така кога доаѓа во допир со кожата се прави како масло. Пробај го, ако не ти се допаѓа за тело, сигурна сум дека ќе му најдеш друга намена. И јас овие денови ќе се снабдам, сакам да си ставам по една лажичка во утринското . Следно на листата ми е да го пробам какао путерот. Спојлер http://www.biocosmos.mk/product/category&path=64_74
@Biodevojka , но и останатите сакам да ве прашам за пилингот за тело којшто содржи кокосово масло? Колку е тоа паметно со оглед на тоа што пилингот кога ќе се плакне, ќе останат масни флеки од маслото?
Драга, пилингот јас секогаш го правам по туширањето. Прво ќе се истуширам со гел па потоа пилинг. Кога ќе се одмиеш сепак останува дел од маслата и етеричните масла и кожата е мека како на бебе. Јас по навика сепак ставам креми, ама верувај дека нема да имаш потреба. Поздрав.
Препорачајте ми лосиони/путери/креми кои не избледуваат после 20 минути од нанесувањето. Се мислам да ги пробам Treaclemoon, признавам дека амбалажата ме освои.
Многу е траен мирисот. Ок е и оној детскиот лосион што го постирала Bоо3, ама содржи мнооогу светки и мирисот не е толку траен колку на Dove.
Дали е уште на акција во Зегин лосионот Dove од шеа путер? И дали го имате користено, да споделите искуства?
@ванилала јас го користам и ми е еден од омилените. Дава многу добра хидратација на кожата и прекрасно мириса. Во однос на трајноста на мирисот- позадоволна сум од оној од фстак и магнолија што го постирав погоре. Инаку, доста исплатлива варијанта е да го купиш лосионот заедно со купката, одат спакувани во кутија и чинат околу 320-350 ден.
Лосионот Dove од шеа путер се уште е на акција во Зегин аптеките. Акциската понуда трае до 31 јануари. Не сум го користела и не можам да спделам искуство. Патем, од производите на Dove, никогаш не сум купила.
Многу ми е сува кожата на нозете во зимскиот период, па се надевам овој лосион ќе придонесе за голема хидратација. Се двоумам помеѓу него и повеќенаменскиот крем со путер од какао од Авон, не знам со кој би бил поголем ефектот
За сува кожа ти препорачувам кокосово масло. И јас имам посува кожа на нозете во зимскиов период, особено во делот под колената. Освен маслото , некогаш го користам детскиот лосион за тело на Џонсон.
Не сум користела креми за тело од Авон, па не би можела да направам споредба. И јас имам многу сува кожа на нозете во зима која дури и ми се перута. Со користење на купката и лосиот од Дав го немам тој проблем.
Кокосовото масло е најдобро за сува кожа, мене ми се смена кожата од мрсна ми стана многу сува и само то ме спаси. Од Дове сум задоволна од сите производи па мислам нема да згрешиш. Инаку за посебни прилики (или за дома некогаш од мерак) си го користам овој
Јас го имам повеќенаменскиот крем од какао од Авон и задоволна сум. Кожата ми е мека и нежна, а мирисот трае.
Ај препорачајте ми нешто што ќе ја чисти кожата, цитрусен некој гел, имам мозолчиња ситни над градите и на грбот @Biodevojka можеби имаш нешто да ми предложиш?