19 год.Проблематично лице многу мрсно општо цела кожа ми е мрсна имам периоди со мноогу акни а има периоди кога ми е смирено.Имам лузни не се предлабоки но сепак се длабоки т.е се познаваат. Цената не е битна веќе цело бпгатство ми отиде за скапи дерматолози па да пробам на природна база.
И јас сум презадоволна од лосионов. Обично се мачкам пред спиење бидејќи е доста мрсен, но сабајле кожата го има впиено и не остава траги по облеката. Згора на тоа има масло на висока позиција и мирисот му е нежен.
го има ли некој ова чудо користено? Го видов кај една јутуберка. Ми привлече внимание,па сакам да слушнам мислење
Не сум го користела, но само да знаеш дека Llums нема во Македонија Само во Србија во Лили може да се купи.
Драга пробај го овој крем на Ома Гертруде јас го користев и презадоволна бев веднаш се впива и одлично хидрира.
Ете тоа ми треба, добра хидратација...благодарам душо, се надевам дека ја има во добро снабдени продавници..
Бабе, на сликата од Биодевојка е истиот крем што погоре ти напишав да го пробаш. Одличен е кремот Инаку @baba Rada и @Alondra цената на кремот е околу 380 денари и го има само во Космо. Во слична кутија Ома Гертруде имаат и маски за коса, па кога ќе купувате пазете да не ги смешате и убаво погледнете да пишува крем за тело.
Точно е 380 мкд и го има во Космо. Има уште еден хранлив ама тој го немам пробано. За овој лично гарантирам преубав е не масти а хидрира и тоа доста. Инаку да и маските за коса се во слично пакување...
не сум баш сигурна но мислам дека имам видено приизводи на Llums во една парфимерија ама пак ќе речам не сум сигурна,може си во право
Ако има кај нас обавезно извести ме На многу производи им имам фрлено око Иако мислам дека Llums се бренд-производ на Lilly дрогерии, нешто како нa пример Balea што се продава само во DM.
Дали некој ги користел производите на Лавера и како е задоволен? Ми паднаа во очи при последното одење во ДМ, цената е малку повисока ама има голем избор на производи..поточно се мислев за овие производи а посебно лосионот за тело
Знам дека има тема акни на грбот но јас имам и на деколте и на рамења дури се јавуваат и на задникот.Би сакала да ве прашам некој со сличен проблем како го негувате телото? Хигиена одржувам на највисоко ниво некогаш и претерано ама проблемот си стои..Купки лосиони сапуни нешто да е добро.. ?
Imame ist problem src Devojki sto e podobro za suva koza na telo mleko za telo ili maslo za telo? I dali se dobri na becutan mlekoto i masloto?
@Kjara15 @Minci13 пробајте со Asso derm сапун. Антибактериски е ама не ја пресушува кожата. Околу 90-100 денари е. @Biodevojka кожата на грбот ми е склона кон црнки и акни, иако со лицето немам таков проблем. Обично избегнувам да ставам лосион за тело на грбот поради тоа, но во лето имам потреба да ја хидратирам кожата и на тој дел поради изложеност на сонце. Имаш ли нешто да ми предложиш што не е масно и нема да ги затнува порите? Фала
Пробај со масло. Помрсното е секогаш подобро. Совет од кожен лекар. @Minci13 промени ја исхраната. Избегнувај мајонез, мрсна храна и благо.
Лосион за тело со траен летен мирис ( по можност кокос или винала) БЕЗ светки? Многу сум задоволна од Dove, ама малку ми се тешки за во лето. Го гледам овој од Балеа, ама не можам да го мириснам и не знам колку е траен. Го разгледував и овој на Афродита. Да не го користел некој? Некој предлог за убав лосион со многу траен мирис? Фала