На балеа овој крем за тело е одличен. Тешко се троши а мириса на плажа. Кокос нели. За хидратација е ок. Не е како Dove, ама ќе пројде. нема да згрешиш земај
Ме буни само што порано на паковањето имаше кокос и ванила, а сега само ванила. Вработените ме убедуваа дека се работи за истиот производ со нова амбалажа... Фала ти на одговорот
Јас го имам кокос и ванила. Не го знам новото паковање како изгледа. Тоа да не е како финтана со ЖАДЕ цигарине. Исти исти STYLE и на крај испаднаа скрос различни и грозни. Види пробај.
Jas ne sum zadovolna mnogu od kremot na balea .ubavo mirisa no nema golema trajnost. Ako sakas traen losion za telo naracaj si od losionite na avon so gi ima losioni kako parfemite na pr insaddence little black dress cherish viva la vita i ostali
Предлог млеко или крем за тело од ДМ кое има убав мирис што трае долго? Може и со светки да биде. Тоа погоре од кокос некако не ми трае баш.
Можеби малку касно одговарам. Јас користам производи од Лавера и сум релатвино задоволна. Конкретно овој шампон не сум го користела го користев тој за волумен го фатив еднаш на намаление,па ај да пробам, не беше лош, ама немам реална потреба да го користам и не го купив повеќе. Од креми за лице ја користам оваа и сум презадоволна. Лесна а многу хидратантна. Дури и зимото на ладнто се покажа одлично. На момент добив желба да ја сменам, па купив нивеа од новите без силикони, ама по едно користење се вратив на лаверата. Мојата кожа е многу сува и осетлива, не знам како би било за друг тип на кожа. Исто ја користам и кремата за раце од брусница и арганово и можам да кажам дека е подобра од таа на неутрогена. Сега сум на ум да си купам серум и крема за околу очи.
Девојки препорачајте ми некој природен гел за туширање без штетни состојки. Од Dove ми излегуваат мозолчиња.
Па со поприфатлива цена се тие на алверде. Јас користам еден од алверде мирис на кокос и ми е ок. Нежен мирис не многу нападен. Најчесто на природните гелови за туширање не ми се допаѓа миристот па бирам некој по неутрален.
Се самоцитирам бидејќи уште не најдов гел што ми одговара, освен Алверде. Би сакала природен. Ако знае некој нека кажува. @Biodevojka
И јас сакав истиве да ти ги препорачам. Јас сум ги користела и преубави се, особено оној кој мириса на тимјан и рузмарин, Преубав е...
Го пробал некој ова масло и да сподели искуство дали има ефект? На нозете имам флеки од поткожни влакна од депилација и правам пилинг со морска сол и маслиново масло, но чуствувам како кожата да ми е дехидрирана.Всушност било каков совет за лек против флеки ќе ми биде добродојден. Моментално користам еден бебешки лосион на Chico.
@Salome јас би ти предложила еден лосион за тело од Алверде од алое вера и маслинка. Ми ја прави кожата премека и супер хидрира. Само има малку специфичен мирис, не е лош, свеж, но сепак мирисни пред да го купиш. Исто да напоменам, многу ми помогна летово на црвенилото и изгорениците од сонце, ептен ми ја смируваше кожата.
Дали ги имате пробано новите како путери за тело или не знамм како точно се викаа на organic shop се стигнаа во дм неодамна? Доколку некоја ги пробала може ли да ми каже дали се добри? Изгледаат како ова од десна страна на сликата.
Ако не се лажам и добро ме држи меморија @koritsaki едно време ни правеше лиги со путериве Нека пише збор-два па да тргнеме во поход.