Овие два ги имам пробано Првото мириса мн убаво и ми е идеално за лето кога времето е топло (барем за мене ) , мириса баш на портокал , а другово очекував мирис поинтензивен на чоколадо ама мириса некако измешано , дури гадно. Инаку лесно се впиваат , и лично ми се допаѓаат мн повеќе од тие на The body shop јас да ви кажам не ги користам бидејќи траат мн долго време а еден мирис ако користам многу долго време ми се здосадува
Порачувам од orfilame или купувам на Victoria's secret. Кремот на VS не мириса убаво кога ке го мириснеш, но кожата ја омекнува ја прави бебешка. Се впијува во неа и воопшто не е мрсен. А овој од oriflame е по за зимно време и прекрасно мириса. Исто така понекогаш користам и Nivea. Исто и тој е добар. Вреди да се проба !
Периодов ова ми е хит: Пена е која при мачкање на кожата се претвора во масло. Никогаш немам користено нешто полесно. Многу убаво се контролира количината за нанесување, пената преубаво се разнесува на кожата и преубаво се впива. Не лепи, а држи мекоста долго. Мирисот е преубав, нешто благ, вкусен. Буквално, прв пат кога го нанесов толку се импресионирав што веднаш ми прелета мисла низ глава дека морам уште едно да си земам додека има.
Сакам да прашам дали сте слушнале и дали постои кај нас избелување на делови на телото, како пазувите и интимните делови? Не знам како се вика тоа .. Другарка што живее во Германија правеше некои третмани таму на деловите што и се потемнети од бричење каде што има повеќе влакна и имаше убав ефект..
Користам квалитетни млека и лосиони, но не претерувам со нивна употреба, сепак хемија е. Понекогаш може да се заменат и со природни масла, иако не мирисаат убаво како парфемираните, сепак поздрави се за кожата.
Да побараш во аптека, некое од медицинските козметики. Види на Еуцерин дали има такво. А, можеш и со природна варијанта, кокосово или маслиново масло, нема да згрешиш. Предобри се за кожата.
Има едно и на Алверде во ДМ. Периодов го користам ова: Го држам у фрижидер за да лади при нанесување. Топ е! Поготово после сончање, баш ја смирува кожата и ја лади. Малце лепи откако ќе се нанесе, ама искрено не ми смета, премногу ми е убаво кога ќе го нанесам ладниот гел.
На Балеа медицинската колекција е без парфем, а мислам и на Алверде има. Гелот од Алое на Балеа е добар за летово, но има мирис.
https://www.bellina.mk/mk/aloe-vera-лосион-за-тело-од-алое-вера-245-мл Овој јас го имам користено и можам да кажам дека сум задоволна. Нема парфем во составот, а алое верата нема нападен мирис како на пример лавандата и сл., речиси и да не се осеќа.
Не велам за гелот од Балеа, туку реков дека има едно од Алверде, одамна немам влезено во ДМ, па не се сеќавам кое беше да го гуглнам. Ама има едно млеко.
@eva993 @Elisabeth @MissChievous не ми треба гел или масло, туку нешто како млеко, кремасто онака. Ќе побарам во ДМ за тоа на Алверде, ви благодарам.
Ова јас што ти го предложив е лосион, кој има таква кремаста структура, како млеко. Бидејќи пиша млеко/лосион/масло, па ти го предложив. @Biodevojka има рецензирано лосион токму од Urtekram (од линијата лаванда), иако не е тој јас што ти го предложив, сепак структурата им е речиси иста. Еве види си на сликите.
@Queen8 @eva993 знам дека пишав и масло, потоа и на друго место добив препорака но искрено сите масла ми имаат некој чуден мирис Сепак ви благодарам многу, ќе ги побарам и овие.
Парфемот во состојките на производот можеш да го најдеш под две имиња: Fregrence или Perfume. Читај ги состојките позади и гледај да ги нема овие две имиња. Производите за чуствителна кожа на Биодерма немаат парфем, ама се скапички и ги има само во аптека.