Дали некој знае каде можам да го најдам лосионов кај нас? Го купувам од странство а многу ми одговара.
Нивеа ми дадоа подарок пишува дека е за сува кожа, некако и убаво мириса. Сега сум на работа.. После ќе ти го сликнам.
Го има ли овој лосион за тело во ДМ ? Гелот го има го користам, ама лосионот никако да го затекнам, доколку некој го користи, дали мирисот се задржува, и дали ја омекнува кожата ?
Порано користев од микса млеко со липиди убаво ама неможев да го најдам секаде го снема, последниве 4-5 месеци земам од џонсон бедтајм детски лосион е мн.сум задоволна кожата ми е мека и хидрирана а не "леплива" како други лосиони што ја прават. Ова се состојките
Јас не се разбирам за состави...нажалост. Инаку во принцип лосиони користам најмогу за нозе зошто зимно време ми се сушат и го немаат оној мазен тен. Па со лосиони се средувам
И јас го користам лосионот и задоволна сум. Летово за промена земав друг, но после едно пакување, повторно се вратив на Џонсон.
Предлог лосион за тело за комбинирана кожа? (на региите со повеќе лојни жлезди ми се прават мозолчиња многу лесно, а др дел ми е сува)
Имате ли препорака за некој гел за туширање или пак сапун за кожа склона на акни? Имам акни насекаде на телото и не знам веќе што да им правам.