Овие две во комбинација, или посебно јас наизменично ги користам и го решив проблемот. Нивеа со глина и дове за пилинг.
Во веро, исто е скоро паковањето со класичниот можеби затоа. Овој има како гранули, ситни сини точки на слика ќе го познаеш.
Ома Гертруде геловите за туширање и лосионите за тело ги имате видено во скоро време? И шампоните исто ги нема никаде...
Неажурност на дистрибутерите....често сме сведоци како ќе донесат некогаш супер производи и наеднаш исчезнуваат од полиците или има со месеци пауза додека повторно да се донесат.
Грбот и рамениците ми се исфрлија многу периодов, микс од црнки кои загнојуваат и поткожни. Некои се заебав што ги стиснав и флеки ми останаа. Предлог како ги отстранам/намалам флеките што ми останаа? А и некоја добра крема/глина што може да ја нанесам само на акните за да ги исуши и да се повлечат?
Во која аптека ја има? Мене значи не ми се такви длабоки лузни од акни, туку темни флеки од што сум ги стиснала бубуличките, ќе ми одговара сепак Сона?
Би требало да ти одговара бидејќи и мене ми се такви. Последно ја купив од Еурофарм, а претходно мислам дека во Зегин.
Кажете некоја добра крема за изиритирана кожа? Рацете ми се жар црвени и ме печат бидејќи после миење немам навика да ги избришам рацете Ставав Alverde крема за раце од невен али ништо не ми помогна. Бекутан крема имам ама таа па ми е многу мрсна Плус носот ми е разранет од што го дувам пречесто и ме пржи. И за него некоја крема ми треба хахаха
Вазелин. Мене многу ми помага имам многу сува кожа посебно во зима. Мрсно е ама ќе ти ја направи кожичката како бебешко газе.
https://www.paulaschoice.com/weightless-body-treatment-2pct-bha/570.html, можеби некаде ќе го најдеш со старото пакување, како овде: https://www.lookfantastic.com/paula...FsrYo4BOHAJGk6eD8N8aAsEQEALw_wcB&gclsrc=aw.ds
Мене путерите за тело на Авон Planet Spa ми се врв. Ептен убаво мирисаат(освен зелениот, тој некако не ми е по ќејф) и мн ми ја омекнуваат кожата.