Повеќе од брич. Од депилација никогаш не ми се појавиле поткожни влакна. Би ти препорачала, ако можеш, да практикуваш депилација и обавезно пилинг.
@burthdaykake @Avery Znaci kaj sekoj razlicno. Eve jas se depilirav dosega i toa so sekerna depilacija. Lugje posle 5dena gnojanici strasni. Ne ni gi stiskam a tie veke stanale fleki. Katastrofa. Dzabe mi se retcaat vlaknata koga ne mi godi. Ke probam so bric. A da mi preporacete piiling koj moze da se kupi. Ovie domasnite so seker, uste poise mi se nafrluva kozata.
Mislam deka za telo, podobro od pilingot so kafe/ kafeav shekeri maslinovo/ kokosovo ulje, seushte ne sum nahsla. Od kupki bi preporachala od Ziaja od kozjo mleko ( kako i za kremite i puterot za telo isto od Ziaja se odlichni). Isto taka, dobar predlog- posle tushiranje ne se brishete vednas so peshkir po telo, tuku namachkajte se (dodeka ste seushte vo kada, znaci na mokra kozha so ulje- pr. Bekutan) i ostavete da se upie.
Искрено не знам да ти кажам некој посебен да купиш, мене домашните со шекер ми се океј и не сум обрнала посебно внимание на пилинзи или скрабови. Можеш да користиш масло пред депилација/брич или евентуално оние скрабовите со кафе што ги има во ДМ (my secret crush)
Види во ЖДМ на ФБ имаше доста жени што го нудат, зимаат процент од продажба изгледа, па можеш нив да ги прашаш.
Што мислите што е подобро за секојдневна хидратација и хидратација после сончање, особено моментот на перутење - масло, лосион или млеко? Што подобро покрива исперутена кожа, а пак да не мрси ептен облеката лом да ја напраи млеко или масло за тело? До сега масло немам користено. Млеко на Dove користев, убаво е, нежно, но треба по неколку пати да ставаш за исперутена кожа, ќе ставам сабајле и кога ќе се вратам од работа глеам дел се познава излупената кожа. Или може е подобро природно кокосово или некое друго масло. Помагајте сите препораки се добредојдени
Лелеле и јас немав толку или не сум ги приметувала, ама во последно време имам доста. Види има и посебна тема Поткожни влакна јас читав таму до сега или овде ако некој ни помогне.
A za gnojnici posle depilacija sto preporacuvate? Ne mislam na strasni gnojnici, na onie taka mali nababreni sepak? Nz nekoe prirodno resenie ili bilo sto na hemija. Ova mi izleguva kako rezultat od podkoznite vlakna. Isto taka baram dobar piling za koza, kupecki.
Само добар пилинг пред депилација помага, а и после откако ќе се смири црвенилото. Би ти ги препорачала ракавиците за пилинг, од било кој бренд, во комбинација со некој пилинг. Јас сум задоволна од овој и од тој на Афродита, но продолжив да го кушувам овој бидејќи е доста поефтин, а доста се слични.
Од каде е најдобро да се купат вакви ракавици, има ли во ДМ и дали знаеш отприлика колку се? Исто лесни ли се за одржување?
Сега го гледам ова, но земи си го Dove сапунот со микрогранули. Тој е супер за пилинг на тело, нозе, раце. Мене ми е доста ефикасен, а многу е евтин. Би требало да ти заврши работа. Ако имаш сува кожа, земи си некоја маслена купка за да го измиеш телото после пилингот со сапунот и нема да имаш проблем.
Мислам дека ги купив во ДМ, ако не се од таму тогаш од Веро маркет, цената не е повеќе од 200 ден. Јас ги користам скоро секој ден со обичен гел за туширање, кога ми треба баш јак пилинг тогаш ставам и од овие. Ги перам во машина и ги менувам на 3-4 месеци.
Пробај со масло за тело, наместо лосион/млеко/путер. Минатото лето користев едно на Алверде од кокос, се става на влажна кожа, топ е за сува кожа.
Мене ми го препрорача една феминка охриѓанка, после депилација се поминувам со лосионов, многу сум задоволна. Наше производство. Мана малце повеќе мириса на прополис, ама се ветрее.
Во Еурофарм, Зегин го има. Добар е за акни и фоликулитис. Јас нозете ги мачкав после депилација или бричење. Цената мислам дека беше 300 и нешто денари.