Имам екстремно сува кожа, масло никогаш не ми помагало. Уште посува ми била кожата после маслото. Било какво. Подобар ефект имам од путери за тело, овој конкретно како и од лосионот за тело на Балеа со кокос и шеа путер, за кој многу се жалеа на форумов. Сега зедов од Белина лосион за тело со кокос и манго, засега е добар, ќе видиме понатаму.
Mene konkretno masloto od Bekutan ne mi beshe neshto mnogu vlijatelen, go koristev i za saat dva kozhata pak si beshe kako prethodno, suva.
Маслото може да помогне како заштита доколку претходно е хидрирана кожата, а тоа самостојно не хидрира. Најдобро е прво лосион/крема/путер, па откако ќе се впие да се нанесе масло, исто како што правиме на лицето. Инаку најдобро ми хидрираат кремите и лосионите на Дав и путерите за тело на Алверде.
Порано го користев, последно се мачкав зимата, а со него кожата ми беше топ. Оттогаш го користам лосионот со кокос и шеа путер исто на Балеа.
nivea јас имав сува кожа и со тоа највише ми помогна ќе видиш таму пишува за сува и многу сува кожа на тубето
Ако не ти смета традиционална козметика, Нивеа или Дав, мајка ми има многу сува кожа и задоволна е од нивните лосиони. За нешто поприродно путерите за тело од Алверде.
Мислам дека живееш во странство, така да путерот за тело на Cien од Lidl. Во тегличка се, мене тој од кокос ми е омилен. Околу 5 евра беа колку што памтам.
Бубаче, Eucerin urea plus. Кожата како свила ќе ти биде. Мека, нежна и чудно влажна. Ќе се благословиш. Мене на дерматолог ми го препорачаа. Бев скептична, ама уште при прво мачкање имаш резултати. Предобар лосион за тело.
Гарниер црвениот, дефинитивно најдобар за мојата екстремно сува кожа. Сум пробала свашта ама до 2-3 часа се ок потоа пак ми стануваше груба. Со гарниер ми е мека кожата до наредниот ден а и преубаво мириса
Сега ја гледам темава дури.Неутрогена лосионите толку се добри, што мислам дека и стапалата ми ги негуваат доволно добро. @buba4e89
Убав е. Обичен хидратантен лосион, не е за многу сува кожа, ама за нормална е добар. Доминира мирисот на кокос, ама и мангото е тука некаде. Го имам два месеци, добар е.
@Annath го нарачав синоќа ке го пробам Имам нормална кожа не ми е сува од таа страна немам проблем само сакам убав мирис Ти благодарам
Женски препорачајте ми некој гел за туширање со убав мирис ама истовремено да прави и пилинг, како две во едно да е доколку има нешто такво практично