Знам дека е постаро мислењево ама се надевам ќе видиш Ќе може слика од овој? Барам нешто за сува кожа. Оние стандарните нивеа, балеа и слично не ми помагаат во последно време. Па да пробам со медицинска козметика. Баш сега ги гледав еуцерин на страната пошто генерално од еуцерун сум задоволна и видов еден UreaRepair Plus, 5% urea, тој е?
Со 5% е мојот, не знам тие што имаат поголема концентрација како делуваат, претпоставувам се за екстремно сува кожа. Мене нозете ми се суви и прави чувство на влажност на кожата. Нема мирис, не ја масти, туку буквално како да си седела во вода, мокра ја прави кожата и на допир е мазна. Плус трае, во смисла, не е дека треба да се шлапаш цел ден, пример денес ќе се намачкаш, утре немаш ни потреба. Мајка ми исто има проблем со сува кожа и реков да проба со Еуцеринот, се чудеше како одма помага.
Јас од Еурофарм го земав, цената е или 400 или 700, нешто овие цифри ми се вртат, ама мислам дека 700 беше, не се сеќавам, лани летото го земав. А инаку би требало и во Зегин да го има.
Сега прашав во Зегин, 250мл е 700 ден, 400мл е 1.000. Кај нас моментално во мојот град го немаше ама ќе го имале деновиве Мене обично кремите за раце со уреа ми даваат многу глупаво чудно чувство како да не впива. И како да ми стои некои мазен надворешен слој на рацете, а не како да ми се хидирирани. Точно е дека е многу меко и мазно ама баш како не моите раце туку нелој слој кој ќе падне. Се надевам нема да биде таков и лосионот. Мене многу ми е непријатно тоа
Пробав и јас други креми со уреа, благе везе немаат, демек поефтина варијанта. Нема споредба, ќе видиш стави од вечер, сабајле ќе се чудиш што ти се случува на кожата. Единствен минус за мене е што нема мирис, ама во однос на ефикасност е 10/10.
Е супер. Ќе ја пробам обавезно. Не секогаш нели цената е знак за квалитет, ама најчесто е А баш сега тражев за мирисот. Несакам јаки мириси, ниту цветни. Ама сакам барем некој нежен мирис на чисто. Баш ме нервира коа нема ич мирис. И го видов ова, soothing scent пишува. Ќе го побарам овој, исто е со 5% urea
Јас и двата ги имам и сум презадоволна имав доста сува кожа и откако почнав да ги користам кожата е преубава мека и нежна и никогаш не би ги сменила . Еве слика како изгледаат .
Препорака за многу хидратантно млеко за тело, ке ми треба добро и квалитетно бидејќи ке правам третмани за флеки на телото што ке ми ја сушат кожата. Користам афродита, супер ми е, но не знам колку е квалитетно..
Ти го препорачувам на Green Matcha body milk од Белина, убаво хидратантно млеко што брзо упива. Плус бавно се троши,само немој да го нанесуваш после бричење затоа што пече.
Каде би можела да го најдам? Многу ми одговараше на мојава кожа, ама никаде го немам видено. Или предложете ми некој друг лосион за сува кожа.
Реина, и јас го обожавам млеково за тело. Последен пат (пред месец) го купив од ДМ во Карпош. Инаку како солуција за многу сува кожа, топло ја препорачувам Дав дерма спа. Волшебна е за мојата сува кожа.
Ве молам да ми предложите млеко за тело со мирис на кокос. Инаку имам нормална, повеќе накај сува кожа на телото.
Ќе го побарам, ако не го најдам тогаш ќе го пробам и другиот што го предложи од Дав. Штом се од иста марка, се надевам ќе ми одговара. Фала ти.
Ова Или ова Второво не мириса баш јако на кокос, ама убаво е. Првото во ДМ го има, некој се жали дека не упива убаво, мене ми е ок, имам сува кожа. Второто не знам дали го има во ДМ, во Белина го има. Понежен мирис има за разлика од првото, ама е доста хидратантно.
Оваа нивеа ми е преубава за лице, исто и за тело, но скапа и мала ми е за да се шлакам така по раце и нозе.. Дали има исто вакво млеко за тело? Со истиов состав? Имам пробано две-три не ми се свиѓаат многу.