Јас се мислев да го пробам, но се плашам поради уреата бидејки го земав она балеа со уреа , се намачкав пред спиење и ми идеше кожата да си ја откорнам од што ми беше гадно и тешко. Други со уреа не сум пробала. Сигурно еуцерин и балеа се далеку од различни, но сепак не е баш евтино ова..
Го пофалив пред некој месец, прекраснотии, хидратација, мирис, убавина Каде можам да го најдам млекото за тело, ама исто да е, има повеќе видови од Нивеа ама ова е преубаво. Во ДМ денес немаше. Дали го имате видено во некои аптеки, точно во кои, да не лутам во секоја.
Прв пат се соочувам со сува кожа,посебно нозете од колена нагоре Чуствувам чешање и на некои места веке почнува да се перути кожата После секое туширање се мачкам имам едно од белина,друго од афродита и плус едно друго млеко за тело од орифлем мислам беше но подобрување немам Некое навистина хидратантно млеко што ке ми помогне да ми помине оваа чешање и перутење по кожата
Види ги Атопи линиите, тие се баш за таа намена. Јас го користев на Еуцерин, но има и на Биодерма и други фирми.
Лосионот што ти го предложи @Dream-Girl е одличен. Исто така, важно е и што употребуваш за туширање. Од истата линија со уреа на Еуцерин има и гел за туширање.
да, тоа ми е спасот за во зимски денови, и за раце и за тело. Моментално го користам Neutrogena Deep Moisture (fast absorbing) za Dry skin, исто така го имам користено и за сенситив скин Навистина ти го препорачувам млекото https://www.neutrogena.co.uk/sites/...egian-formula-deep-moisture-body-lotion_3.jpg
На Еуцерин со 10% уреа го користам лосионот и морам да кажам дека ми ја препороди кожата. На нозете имав онакви точки strawberry leg ( имам пишувано во друга тема) значи тие ми се смирија, и кожата генерално на цело тело ми е сува, од лосионот ептен гледам подобрување.
Да ми препорачате гел за туширање и лосион за тело за сува кожа,а да оставаат подолготраен мирис на тело
Со шо праите пилинг? Јас досега со шеќер и зејтин, ама од кога поскапе зејтинов не се исплати. Или кажете некој преевтин зејтин, ако постои. Или ако си има по Дм или маркетиве нешто за пилинг
Овие се пилинзите од Стокомак. Сега мислам дека имаат донесено уште два вида. За цената и количината внатре се супер.