Јас го користам портокаловиот пилинг од Стокомак, ептен убаво мириса, го земав за поткожни влакна на нозете и да ми ја оправи малку кокошкјава кожа. Јас изгледа многу шлапам и го потрошив скоро цел за неколку пати, ама стварно ми помогна, нозете ми се ептен мазни после бањање, остава и малку "мрсен" филм како лосион да имаш ставено и некои поткожни ми излегоа на површина. Не го користам редовно, може да ставам почесто повеќе ќе помогне. Нареден пат ако го најдам би го земала и жолтиот, има и еден црвен ама тој грдо ми мириса.
Да, јас. Ама оние што се геловите за туширање. Од портокал и сега моментално го користам од јагоди. Ептен убави ми се, ми ја хидрираат кожата ич не се агресивни. Убаво мирисаат, освежувачки.
Од геловите за туширање и јас сум многу задоволна. Гледам во дм на попуст се лосионите па си викам да пробам некое ама има повеќе вида не знам кое е убаво.
Моментално го користам овој: Лесно се размачкува, не е мрсен, нема претежок мирис (млечно-медесто мириса) и помага за сувата кожа (со редовна употреба нормално). Едит: @Kimberly11, дали знаеш дали овој е на попуст?
Во каталогот има слика од тој со какао што е и пишува повеќе видови.Така да би требало сите да се на попуст Ја имам кремата исто од церамиди може исто мирисаат
^ јас долго користам од козјо млеко: шампон, гел за туширање, лосионот за тело, крем за лице и маска за лице. За мој вкус и буџет ми се супер. Мирисот убав, како бебе ми мириса. Лосионот конкретно не ми се лепи, за размачкување не е баш лесен ама јас сакам така да се шлакам. Другите видови ги немам пробано бидејќи бев задоволна од ова. Ако има некој шо користел различни нека сподели искуство плис. И јас го видов попустот ама не знам дали да сменам.
За сува кожа ziaja лосионите добри се? Прашувам бидејќи дури и Eucerin турив 1000ден за лосион за екстремно сува и пак ми се заситува кожава за брзо време. Зиаја имам само гел за туширање користено и прекрасни беа, од какао имаше акција 3 за некоја преисплатлива цена. Одамна немам начекано пак
Женски случајно некоја од вас да не ги сретнала производите од fruttini негде по продавнициве или парфемерииве ? Си расчистував креми и skincare ствари постари што ми се и ми зафаќаат место, и го најдов лосионов за тело од пред 5/6 години купен и се потсетив уствари колку ги обожавам. (Конкретно тој од јагода)