Во комбинација со ова Во принцип не сакам ваква козметика, ама ова помага. Имам екстремно сува кожа на телото, овие досега најдобро се покажаа.
Од поефтини Neutrogena синиот и црвениот се врв од се што имам пробано. Еуцерин со уреа за тело како поскап малце.
Имам сува кожа и користам некој помрсен крем од Нивеа. Тоа е за секојдневно. А за ептен кога си ја осеќам кожата сува го користам ова масло од Дм, на Балеа е и ефтино е околу 2-3 евра. Ич не ги сакам производите на Балеа, али ова стварно е погодено за мојата сува кожа. Пробајте го, ич не му ја мислете
Предлог крема за тело за сува кожа, само да не е тој на Еуцерин. Гледав на Sol de janeiro bum bum има ли некоја пробано сакам да го порачам сетот. Или некој друг предлог без хемиски филтри.
Крема за тело што нема да ја чувствувам воопшто на телото како ставена а да хидрира? Значи не можам да го поднесам чусвтвото да ми се лепи секоја прашинка на мене, полудувам
Го имам путерот за тело од какао. Солиден, преубаво мириса. Ако ти е премногу сува кожата не знам дали ќе ти биде доволно, ама можеш да комбинираш ако сакаш убав мирис со некој друг лосион без мирис. Порано го имав и лосионот од какао, исто одличен и мислам дека повеќе ќе ти одговара штом ти треба за сува кожа. Сега го имам кашмир, одлично се впива и ја прави кожата мека. Штета што го нема веќе (или можеби не го носат, не знам) тој од кокос, преубав мирис и одлична хидратација. Очигледно лосионите ми се погодиле и навистина им се добри
Штета.. Nivea silky soft (светло сина амбалажа). Мирисот малку потсеќа на Nivea кремот во темносината лимена кутија но лосионот е многу поразличен и ја хидрира кожата, не остава леплив слој. За многу сува кожа може ќе биде добар некој и од темносините пакувања ама тие ги немам пробано за да знам какви се.
Вчера ги пробав овие знам дека е рано да се каже ама морам да ги пофалам. Скработ е одличен, има ситни гранули внатре и додека се поминувате со него дава чувство дека сте на масажа, ја отстранува целосната нечистотија од телото а мирисот е преубав. После туширањето кожата е мека и нежна како свила,чувството прекрасно. Кремата за тело после скработ нежно легнува на кожата и брзо се впива,давајќи чувство на свежина и чистота. Мириса беспрекорно добро, цела соба ми мирисаше на неа, а и јас мирисам уште. Пријатно во своја кожа одамна не сум се осетила до сега. Двата чинат 18€, скработ мислам дека го имам видено во Космо ама не сум сигурна. Вредат.