Девојки, препорака за крема или лосион за тело брзо да се впива, да не остава траги на кожата и мирисот да биде долготраен?
Јас од козјо млеко го имам зошто ми одговараат со гелот за туширање, нежно и убаво мирисаат. Но, од какао најмногу мириса и појак мирис е, ако сакаш такви, тој би ти го препорачала.
Јас го имам тој со Кашмир заедно со гелот за туширање и мириса преубаво, нежно, чисто и сензуално Штета што не трае многу долго Од каде ги зема? Ги има во Мк?
Скработ ко да имам забележано во Космо, а ова другово не знам. Убав е скработ многу, презадоволна сум и кожата е многу мека и нежна. Инаку од Lucy makeup store - Malta
Не знам што ми се случува периодов, кожата на нозете ми е ненормално сува. Не ми помага ни Eucerin, ни Neutrogena. Предлог за некое друго млеко за тело?
Дали сте биле во Body Shop во Сити мол? Како се со цени? Исти како на официјалниот сајт или поскапи ?
Можеш да видиш на нивната веб страна за цени https://thebodyshop.mk/product-category/тело/путери-тело/ Споредба ќе направам со грчкиот Боди шоп, путерите за тело се околу 150 ден поскапи во Македонија. Цените се слични
Каква е таа крема за зацврстување на телото? Зарем веруваш дека некоја крема ке ти го зацврсти телото? Вежбај ако сакаш да ти се зацврсти телото.
Нема магични креми за зацврстување на кожа, сѐ е тоа маркетинг, можеби ќе се измазни, ама зацврстување не очекувај. Тоа само со вежбање. Ама ако имаш голем вишок кожа, тоа само оперативно се средува.
Која е разликата помеѓу крема и путер за тело? Иста функција вршат на телото, само смесата ли е различна? Сметам дека путерот има поцврста маса од кремата?.