Зошто мислам дека маслово го имам гледано во ДМ маркет? Така ко да ми останало во сеќавање. Можно е да било Оливал, мислам и тие имаа слично, па ете провери прво таму во секој случај.
Видов тука можам да си пишувам за мојава и да делам искуство за се што користам за тело. Сакам да го пофалам овој скраб за тело и одличен е стварно и мирис на манго и ја остава кожата омекната и чисти длабински мене после депилација на нозе ми е освежувачки. Го купив на попуст пред месец два околу 380 но е 300мл па и манго викам ајде . 10/10
За осветлување имате со витамин ц За подкожни влакна, акни на тело,оние кокошкина кожа што ја викаат со БХА. За хидратацијс и негување со Хијалуронска Нешто ново
Моментално го користам путерот за тело на Body shop ако барате нешто за хидратација ова е одлично, мирисот на кокос плус ми е супер за преку лето
Ако имаш некој во странство ги има Онлајн а исто и Rossman ги има но не е ништо посебно и јас го имам
Јас летно време го користам овој лесен хидратантен, не масти и може веднаш да се облечеш по употреба. За мене е број 1.
Да не ја барам темата за природна нега на тело( и лице) препорачајте нешто на природна база со шеа путер?
Да ги пробаш овие на LaSoy? https://lasoy.com.mk/shop/козметика/шеа-путер/шеа-путер-нерафиниран/ Имаш и скроз чисти шеа путери, и нерафиниран, имаш и во комбинација со масла, витамин Е итн...
Баш некое време се мислам за бебешката крема со шеа путер. Исто и бебешкиот сапун, него го имам пробано, но не знам дали сеуште го произведуваат, одамна го немам начекано, а и го нема листирано за онлајн нарачка. Баш ќе проверам, фала ти.
Јас ги обожавам овие. Ги имав пробано оној со портокал и со орхидеја. Многу се хранливи за кожата преубаво мирисаат.
го купив. Благодарам. Имав млеко за тело нарачано од белина конкретно мислам беше organic kitchen па сакав да искомбинирам и гелот за туширање да ми е од ванила. Ама за жал млекото за тело испадна занигде односно кога ќе го намачкаш на тело не мириса исто како што мириса во кутијата. Така да сега ќе ми треба и препорака за крем/млеко/лосион со мирис на ванила