Здраво сакам да прашам дали имате препораки за парфимиран лосион, крем или путер за тело, нешто со мирис на ванила. Досега користев од Балеа лосионите, преевтини се да, но ми треба нешто малку поквалитетно. Може да е до 600-700 денари. Гледав на BodyShop ги фалат но прескапи ми се тие.
Можеш да ги пробаш Боди шоп, имаат и помали пакувања од околу 400 ден , ванила чиста не знам дали имаа, ама пробај го моринга, јагода или ванила пампкин, путерите се густи, од истите мириси има и лосион за тело.
Прв на памет ми падна Elizabeth Arden white tea кремот за тело, само не знам колку ќе ти одговара цената, малку е солен и тој. Ама навистина е предобар, мене ми е еден од омилените. Нежен, ненападен е мирисот, одлично хидрира.
Во City Mall до Космо беа ако не се лажам. Имаат добри производи но толку брзо трошам креми за тело што ќе банкротирам ако купувам од таму
некоја опција да се нарача онлајн? Бидејќи не сум од Скопје. Мислам дека еднаш ми имаат излезено понуди на ФБ ама не сум обрнала внимание
И јас сум голем фан на мириси на ванила, и би ти го препорачала овој, искрено за жал кај нас и нема баш избор на лосиони/кремови за тело со мирис на ванила. Овој на Dove е преубав, мирисот е доста интензивен дури останува и на облеката.. Јас го користам во зима кога ми е посува кожата, премногу е хидратантен и бидејќи мирисот е налце тежок мислам дека во лето би бил премногу.. ама зависи до вкус. Порано гледав имаше и еден од Нивеа ама во последно го немам видено, дали е повлечен или не го носат кај нас веќе не знам, но ако не живееш Мк можеби ќе успееш да го најдеш. Би ти го препорачала Bare Vanilla на Victoria’s Secret мене тој искрено нај многу ми се допаѓа, заљубена сум во мирисот ама е поскап од овие другите.
Јас дури сега гледам дека @grandinquisitor пишала лосион со мирис на ванила. Кога ќе се спомне парфимиран лосион, автоматски некако ми текнува на нешто од линииве што одат заедно со парфеми или на Викторија Сикрет. Овој ми се допаѓа мене, во ДМ го купував. Баш е нежен мирисот, нема утка со продуктите за тело на organic shop. Цената е под 300 денари отприлика, сосем пристојна.
јас го имам овој, во кутија мириса совршено ама кога ќе го нанесам на тело некако се губи тој пријатен мирис и малку лошо мириса. Затоа барам некој друг. благодарам. Ќе го пробам дефинитивно
Дајте идеа за боја на нокту? Кафени, портокалово, зелено не доаѓа у предвид. И слични пастелни бои. Портокалови имав веќе, ама дреч. Мислев бели или беж, ама дека пушам, кај што ја држам цигарата, ми се менува бојата.. Мислев црвено, бордо, темновиолетова, темносина, може некоја убава зелена, ако реков горе не зелена. Некоја како бор таква потемна.
Има и на Балеа, не е толку богата како на Еуцерин, ама мене за цената ми се допаѓа. А дали по туширањето ставаш некоја крема за тело?
Bioderma Atoderm, za toj problem nema podobra koja sum ja probala, a sum probala mnogu. Plus krema za telo obavezno posle tushiranje
Знам дека тоа е проблемот, ама морници ме лазат кога треба крема да се мачкам ич не ми е пријатно чувството.. затоа барам маслена купка
Ако многу ти се перути, мора крема за тело или масло земи си ако ти е полесно. Само купка не ти врши работа, барем не сега во зимскиот период кога е најсува кожата.
Го користам Еуцерин пх 5, денес купував од Зегин и гледам ми го смениле за ултра лесниот , сега немам каде да менувам прашањето ми е дали има голема разлика меѓу нив два ?