Здраво. Се надевам прашањето е во соодветна тема, барам путер за тело. Или крем за тело. Некој препарат за нега на сува кожа. Пример за после туширање. По можност да не е балеа или Авон. Може и да е поскап. П.С да можам да го купам директно а не онлине, прееска од Авон земав мувлосан путер за тело.
Ако имаш сува кожа земи лосион од еуцерин, поскапи се, но се стварно добри плус 400мл не е малку, времиња ќе го користиш, разгледај на страната на Зегин да видиш какви имаат
Лосионите на Нивеа и Дав се прекрасни. Кожата е мека долго после нанесувањето. Исто крем гелот за туширање на Нивеа е многу убав, еден од ретките што не ми ја остава кожата сува после туширање.
Топла препорака за овие кои сакаат полуксузно да се чувствуваат,има прекрасен мирис кој се задржува и по нанесувањето. Со редовна употреба кожата е мека и сјајна, сувоста не е изразена.
Ќе го најдеш на фришоп на аеродромите ако патуваш, овој е купен во Германија. Тие имаат нивни продавници, скап е околу 1000 денари( грубо пресметано од € ) бавно се троши. Има избор на други мириси.
Како ефтина и пристапна варијанта деинитивно би ти го препорачала Rich Nourishing на Nivea. Јас сум со премногу сува кожа што се перута и овој морам си го имам зима лето класика ми е. Досега од се што сум пробала а општо сум опседната со лосиони и кремови за тело - овој ми се покажал најдобар. Премногу е густ и малце тешко се размачкува ама отпосле кожата е толку мека како да имаш нова кожа на себе. Бидејќи е со масла во составот остава сјај да свети значи не е се впива скроз што мене лично не ми смета баш ми се допаѓа особено кога носам отворена облека во лето да ми сјае кожата. И забележав дека парфемите ми мирисаат подолго на мене кога ќе го имам ставено него. Ги имам пробано и другите видови на лосиони на Нивеа ама не се баш толку хидратантни како овој. Нив ги користам поради мирисот, особено тој со црешов цвет и лаванда.. Имаше еден со ванила беше преубав ама долго време го нема. Овој Rich Nourishing нема некој интензивен мирис, слабо мириса обала на класичниот Нивеа мирис..
Овој на Неутрогена е супер за сува кожа. Во последно време често ги ставаат на попуст лосиониве во ДМ, можеш да го начекаш за ич пари. 400 мл е шишево. Мислам дека го купив (тој лосион со сино на шишето) за околу 250-60 ден. пред неколку месеци, а намалена беше целата линија. И летово беа намалени, често се на попуст па ѕиркај во каталозите на ДМ.
Dm имаат пак попусти? Нели како воведоа тоа секогаш поволно цените им се нон стоп исти? Затоа што посебно марки како оваа што можат да се најдат насекаде се поскапи во дм каде каде од др маркети. Јас оваквите во Жито обично ги начекувам за толку ниска цена.
Ги има во каталозите, какви и да им се сега со оние неколкумесечните „секогаш поволно“ акции. На тоа мислев, од навика сум напишала така. А дека ги има често, ги има, и цената често им варира. Овој од сликата горе, во моментов исто е со црвена етикета на полица, ама не се исплати 250-60 ден. за мало шише од 250мл. Големото тешко се начекува, го немам видено веќе извесно време. Со сигурност го имаше белиот и тој со плава налепница во двонеделен каталог за 259 или 269. Баш прееска пазарев и во моментов двата се 319 ден, а речиси сум сигурна дека тоа не им е редовната цена, туку се нешто поскапи. Со оглед на тоа што во Зегин редовната цена на лосиониве им е 340-50, не верувам во ДМ да се поевтини за стално. Како и да е, добри се за сува кожа, мене повеќе ми се свиѓа тоа со плаво. Најчесто него и го купувам. За во Жито не знам, немам во близина па најчесто ги купувам од Зегин или ДМ, како ми дојде.
Здраво, на ногата од позадината на коленото ми стои како стрии две црвени веројатно поради варирање на килажата млада сум имам 22г веројатно кожата ми е многу нежна или пак не доволно растеглива не знам, дали некоја има ист проблем и како го решила?
Не знам дали сте информирани веќе, но видов случајно во Солун дека има Bath and body works продавница.
Препорака за млеко за тело со мирис што ќе се чувствува? Да е некој пријатен летен мирис на кокос, ванила, нешто овошно, да асоцира на летни денови.