Повеќе од 10 години ги користев млеката за тело и спрејовите и бев многу задоволна од трајноста. За нега и не ми се баш. Пред еден месец ми донесоа од Америка и тоа мирис кој ми беше омилен и го користев одамна неколку пати сум го купувала. Ама разочарана сум од трајноста. А омилени ми беа, прекрасни мириси имаат.
Ова го користев годинава, Sun Dance од ДМ. Одличен лосион. Прелесно се размачкува на кожа, брзо се впива и супер ја негува кожата.
Дали некој ги пробал производите на FLUFF? Имаат доста видови, дали мирисаат убаво, дали се трајни? Пакувањето им е слатко
Го имам овој и го чувам како злато само за денови кога сакам да се тинтрам (што би рекол дечко ми) Исто така презадоволна и од Зиаја мусот за тело. Се нанесува одма после туширање, само нежно избришана кожата од водата и после со него. Премека кожаа и преубаво мириса Исто за сува кожа морам да го спомнам. Малку е поскап со оглед на количината, ама од сува кожа ни трага ни глас после него. т.е сите јогурти од Боди шоп го имаат истиот ефект.
Го имам купено од грчкиот фришоп, 20е мислам, ама сигурна сум дека го има и по нашиве дрогерии. Фабу или Космо
Во некои сетови го имам гледано ова, најчесто околу празниците. Да следиш во ДМ и Космо, во едно од овие ко да го гледав кремов, заедно со парфемот (или тоалетна вода, не се сеќавам) од истата линија.
Ги имаше порано, пред 5-6 години. Па имаше и во ДМ од Балеа, проверете да не ги има се уште. Ако ви треба нешто за хидратација додека се туширате, а не сакате да се мачката потоа со крема, на Балеа има еден маслен гел за туширање, супер е.
Јас секако користам маслен гел од Афродита и путер/лосион после туширање пошто имам премногу сува кожа, ама сакав да ги пробам и овие. Ни од Балеа нема?