За овие конкретно гледав, за Балеа не пошто не сум задоволна од нивните производи. Инаку, после туширање нормално со млеко/лосион за тело се мачкам за хидратација во зимскиот период, обично Нивеа ило Дове, бидејќи имам нормална кожа.
Од претходното лето малку почна ПРЕСУВА да ми е кожата на телото. Зимо сега па хаос! Де туширам, се мачкам и пак сува кожа после саат време ! Чаре ? истотака ми се појави ова на неколку места (слика)… што може да е ? Како суви кругови
Добра ексфолијација Еве ја мојата тајна Суво четкање (dry brushing) 2-3 пати неделно Нараквица за капење што е потврда има на тему и алиекспрес, со неа исто така 2-3 пати неделно ќе се капиш со сапун што има состојќи кои ексфолираат. Пилинг со поголеми гранули 1-2 пати неделно. Тоник или крема со BHA, гледај да е појака концентрација. Можиш и серум само тие се лепливи некако, освен ако тоа не ти претставува проблем. Не мора да бараш специјално наменети за тело, јас ги користам тие што се за лице. Ставам 3 пати неделно после капење со туфер На крај хидратантна крема но со текстура што е како гел, значи не крем за тело што е густ бел, таквите се многу оклузивни и ги затнуваат порите и затоа се појавува strawberry skin. Тоа се запушени пори и влакна кои се поткинати. И НАЈВАЖНОТО - ЗБОГУВАЈ СЕ СО БРИЧЕЊЕТО Значи само депилација, со восок или шеќерна паста или епилатор. Се само не брич. Ова ти го кажувам како некој што цел живот се мачи со ова ништо не ми помагаше. Бричењето е најголем проблем. Откако почнав да ја практикувам оваа рутина никогаш не сум имала помазна кожа.
Фала многу. Доколку можеш да ми кажеш која хидратантна крема ја користиш, бидејќи сите што ги имам се густи. И уште едно прашање, дали депилација со Тример за тело FUEGO LD-7289 или Депилатор ROWENTA EP1110F0 би одговарала?
Јас ја користам Neutrogena Hydro Boost моментално, во сино паковање со пумпа, таа е гел текстура. Можеш и да користиш алое вера гел тој на Fleurance е преубав, но било кој и да го земеш нема да згрешиш. Јас прво почнав со ладен восок неколку месеци додека ми се изертчат влакната, сега само со епилатор, имам на Филипс ваков Тример не сум користела никогаш и искрено не знам како функционира, претпоставувам дека е исто како бричот. Како што реков, избегнувај бричење по секоја цена бидејќи не ги вади од корен влакната само ги сечи и нормално дека ќе ти се познаваат црни точки.
Ова масло за туширање ми е спас за многу сува кожа. Буквално ми се перутеше кожата, а после маслото ми беше како на бебе. И овие два лосиони се совршени за сува кожа, кој и да го пробаш нема да згрешиш.
Јас ставам на Биодерма, супер е кремата, ја користам буквално за цело тело. Јас на зима имам суви пети, дека постојано со чорапи нр ми дише кожата, после првото ставање кога е сува кожата се приметува разлика. Можеш и кокосово органско масло да ставаш секако тоа да биде после туширање. Од двете јас сум задоволна. Ќе заборавев и за масло од рицинус и тоа е предобро за кожата, со континуирано ставање ја прави кожата мека и мазна.