за нега на телото користам гел за туширање (моментално го имам на nivea diamond touch и еден од орифлејм), млеко за тело-претежно користам од авон, моментално имам од кокос, јагода и две skin so soft. Зимно време после бањање секогаш ставам млеко за тело за лето поретко бидејќи почесто се бајнам. И интимниот гел ми е од авон simply delicate. Дезодоранси поретко користам но имам еден на Адидас, почесто сум на стикови и ги имам на адидас и 2-3 на рексона и еден рол он од фа Стапалата секоја вечер ги мијам во топла вода а потоа ги премачкувам со крема и два пати во денот на рацете ставам крема за раце од орифлејм. Тоа е се од мојата нега за тело
Млака за тело , гел за туширање ... Авон ! Сега користам регенеративен лосион за тело skin so soft... гел за туширање senses mystique... а го имам и лосионот за тело shimmering ... се од Авон ... задоволна сум од сите нив ... =)) пробајте ги !!
Еднаш неделно пилинг, најчесто сама си правам сега хит ми е оној со кафе, сол и шеќер, еднаш месечно си се опуштам во када со портокалчиња и камилица, се туширам со Бекутан и после ставам масло исто на Бекутан И се чувствувам џоа бебенце )))
Моментално ја користам купката на Фелче Азура, обичната, ми мириса сосем исто како и нивната пудра во прав. Не е лоша, мирисот се задржува на телото и не ми ја пресушува кожата. Лосион за тело - многу убаво мириса, ама откако ќе отстои на мојата кожа, некако чувствувам некој мирис на прав. Не знам зошто ми се случува ова, и со некои други производи е така, ќе ги нанесам на телото, после 10 минути ми мирисаат гадно. Немам некој онака силен природен телесен мирис која си го носи секоја од нас, дечко ми вика си умислувам и убаво мирисам, ама јас сум убедена во спротивното. Нејсе, може ли да ми препорачате убаво и парфимирано масло за тело, кое брзо се впива на кожата и не остава мрсни траги и по можност да не е од Авон или Орифлејм оти немам живци за нарачка и чекање.
Па маслата за тело од Johnson's мене убаво ми мирисаат, особено класичното: Го нанесувам на водена кожа после капењето и не остава траги, а кожата е мекичка џоа бебешка . Нареден пат планирам да си го купам ова: Би требало да е добро. Други масла освен бебешки не знам Трендафилке.
да јас го користев летото за да не ми се лупи кожата после сончање и задволна бев, убаво мириса а сега гледам намалено е 149 мислам дека е
^Овој гел за туширање мајка ми го купува од Кам 1литро - 100 денари.Немате поим колку убава,мека и сјајна ја прави кожата.А и прекрасно мириса . А овој јас си го купувам затоа што поубаво нешто немам мириснато . За млека за тело,користам само GARNIER Skin Naturals Intensive Care малку е скапичко,ама како создадено е за мене,многу ми одговара. Кога станува збор за анти-перспиранти сум верен корсник на Лејди Спид Стик,ама сега последниов пат си купив и фин е!
Во однос на геловите за туширање најголем обожавател сум на Palmolive Naturals производите. Моментално ги имам Nutra-Fruit со мандарина и оној со комбинација мед и млеко мммммм Потоа кога станува збор за млеката или лосиони за тело, најмнооогу ги обожавам млеката за тело од Dove, презадоволна сум. А моментално ги користам овие : ( 4 лосион за тело со мирис Fresco) Од дезодорансите имам пробано се и сешто и најмногу ми одговараат од Гарниер, моментално користам од колекцијата за чуствителна кожа. И на крај секогаш користам павловичева (витаминска) крема таму каде што кожата ми е посува
Шампонот што моментално го користам е Гарниер Користам купка со мирис на бело чоколадо од авон , ја добив на поклон и презадоволна сум, млека за тело имам повеќе што би рекла мајка ми за извос ...ги имам 4 од авон од овошните некако многу свежина даваат , 1 од севнтин( светложолто со мирис на лимон) сега најново што сакам да си купам е некое млеко за тело со цимет , па ако имате користено некое со таква арома препорачајте .. гел за туширање од јагода што го зедов комплет со лосионот од авон дове сапунот ми е незаменлив, единствено тој ми ја прави кожата како што сакам јас и тоа оној со краставица. на крај пред спиење се мачкам со крем за раце од авон кој е со глицерин и понекогаш со вазелин за помеки раце..За петите користам една маска од глина што ја правам сама ( кажав дека учам фармација) или пак ако немам направено со ДОЛИВА ..
јас користам млеко за тело на SEVENTEEN го обожавам 270ден е трае 2 дена и многу ситно и нежно светка на лето исончаните нозе со него се ТОП но не се откажувам од него ни на зима, некој го има ли пробано балсамот за тело за подобрување на тенот од BEAUTY SHOP?
Го користам Елдена млекото за тело и сум пре задоволна од него.Кожата ми ја прави мазна и миризлива.Не би го менувала за ништо на светот.
Скоро секогаш менувам млека,гелови за туширање,шампони,ама не премногу,туку тоа се некои кои сум ги користела па ми се допаднале и си ги менувам.Моментално користам ваков шампон,маска портокаловата, се туширам со Dove сапун или Фа гел ,лосиони за тело , и за стапалата тоа ми текнува сега за сега....а и она без кое неможам
Незнам дали сте го пробале ама преубаво е.го има во кам 99денари е од бадем.ептен ја хидратира кожата,ја прави сјајна,мене ми е топ.а и за тие пари е :up:
За туширање моментално користам од Орифлејм крема за туширање, многу свежо мириса. Често менувам, ги сакам многу и геловита за туширање на Дав и Авон. Спојлер Шампон користам Фитовал црвениот ама не видов некои големи ефекти па ќе си купам брезов на Илирија и внатре ампули ќе ставам. Позитивно сум изненадена од маската за коса на Генера, многу ефтина а мене ми е супер. Лосионите и кремите за тело ги обожавам имам многу дома и постојано менувам во зависност од расположението. Најчесто ги купувам оние од Авон, Нивеа, Орифлејм, Дав и Бекутан. Супер ми е и Елдена, за тие пари одличен е . Од антипреаспирантите моментално на Гарниер имам, а до неодамна ги користев Лејди спид стик или Рексона. Стапалата ги мачкам со Павлодерм, а пилинг за стапала користам од Орифлеј со мирис на праска. Антицелулитни креми исто настојувам да користам, моментално имам од бршлен гел и крема. Во принцип тоа е негата на моето тело. Во потрага сум по добар пилинг за тело, некако де сега слабо ми се погодуваат па не сум многу задоволна
Дали некоја од вас ја користела кремава за тело...јас видов неколку различни по боја ама му ја мислам дали да ја купам оваа или оние путерите што ги има во Рефан?