Па за нега на тело си користам од купките на фелче азура розевата прекрасно мириса и купката на џенера со мирис на капини која ми е омилена. Од млеката за тела користам на фелче розевата елеганте ,авон од цреши,бекутан млеко и пудра и млекото елдена кое е супер за сува кожа. Од антиперспиранти користам на рексона зелената и од нивеа перл бјути и дабл ефект,а од шампоните користам на гарниер.
Овој лосион го земав денеска во Рамстор, мириса прекрасно, брзо се впива и многу е лесен на кожата, ама мирисот, ааааааааааа *235 денари и вреди за секое денарче.
најново што купив е овој лосион бидејќи ми се потроши стариот од јагода па ај си ркеов да сменам .. овој има одличен мирис но мене некако не ми впива убаво во кожата , како да му треба повеќе време за да навлезе
користев пилинг за тело од planet spa avon од малсиново масло и некако ми се здосади мирисот, инаку одличен е преубав! ај препорачајте ми некој друг пилин ама убав некој, салам да ме измазни!
И јас не сум задовлна од овој,ич не е хидратантен и кога се мачкав со него ко лепак да се имав мачкано
Јас ги имам овие две, пилингот и путерот. Не знам колку ти се допаѓаат овошни мириси, ама овој од цреша со ванила мене ми е прекрасен.
свити твити кажи ми од каде ги купи пилингоот и путерот, ја обожавам оваа комбинација од цреша и ванила мммм, а млеко за тело има? и колку чинат? благодарам однапред
ПРОцитав едно мал милион пати на форумов пилинг од кафе,али посо сум скептик за такви ствари си фурав со пилингот сто си го имав купено од космо,али вцера видов дека ми се потроси и си викам ај ке пробам со кафе...и кога сто да видам кожа бебешко газе,значи крај со кафево,многу ефикасен момент... фала феминкии
Остај време шо му треба, јас никогаш не успеав да го впијам.. Колку и чудно дa звучи. Полошо млеко за тело здравје..
Јас користам гел за туширање на palmolive од калинка,многу убаво мириса,млеко за тело обично фелче плавото го користам ама сега моментално едно од H&M и преубаво е (светка),и антицелулитна крема моментално Gosh ама некако не сум баш задоволна па ќе си купам пак гарниер или нивеа бај бај целулит
Ги купив од Тинекс, мислам дека двете заедно се околу 500-600 денари, не можам да се сетам точно. Ај ќе видам баш, па ќе ти кажам Путерот е 500мл. Вредат за парите Има и лосион за тело, гел за туширање, спреј за тело.
Бидејки кожата ми е многу сува не користам пилинг за тело,моментално користам Nivea casmire -прекрасна купка и користам бебешко масло од Hemel -супер е
здраво... јас сакв да ве прасам дали е здраво за кожата да користам лосиони и лека? зашто јас ги користам онака да речам редовно но баба ми ми вика дека кожата ке ми остарела и дека она никогаш не ставила ништо на себе(ни шминка дури) а лицето и е као порцелан, добро за нејзини70на години и тоа како и е добро... плс пишете...
Сигурно баба ти не живеела во голем град со испарувања од нафта, прашина од градење згради на секој чекор и многу други загадувања . Мораш да ја ја заштитиш од атмосферските влијанија, во спротивно ќе ти се суши и ќе ти остари побрзо. Плус во времето на баба ти таа не ни имала можност да користи млека за тело.
Кај го има ова и колку пари е? Читајки ги коментарите тука дека многу од вас го користат Нивеа Енџел стар вчера го купив и јас и навистин многу убаво мириса мммм, а за како ќе ми одговара ќе видам понатака сепак од едно ставање не може да се види. Секогаш купувам различни гелови за туширање, лусиони и млека, ама најзадоволна сум од Бекутан и Џонсон дефинитовно не заменливи. Исто така многу сум задоволна и од овој Адидас гел за туширање, мириса убаво и многу ја омекнува кожата. Оваа Рексона не ја мењам за ништо, убаво мириса и не остава никакви траги на облеката.
Користев гелови за туширање на Nivea и Dove но ми се правеа многу мозолчиња по телото. Сега користам само сапун, Nivea или Teo Aroma Therapy. Задолжително ставам млеко за тело зимно време, а на лето масло за тело на влажна кожа, чувството е прекрасно . Понекогаш користам спрејчиња за тело на Avon, но некако дечко ми не ги сака баш зошто горчат (не знам дали некој друг има приметено?? ) И нормално, редовно депилација нозе, раце итн. зошто инаку маф е работата без тоа, шлакај се колку сакаш со млека и кремови
Моментално користам гел за туширање од Fа.Постојано ги менувам,сакам да испробам повеке.Потоа се мачкам со она млеконо Елдена.Кога ке го потрошам ке си земам друго Некогаш се прскам со оние спрејчинана од Авон.На секое капење се помнувам со бричот на нозе и на интимните места.
Прво,јас сум пилинг манијак во буквална смисла ова,имам сапун за оваа намена од Dove,прво со него се стругам ,потоа и од Palmolive SPA со минерали од Мртво Море-милина иако на почеток ме нервираа тоа парталите кои ги има ама ефикасни се за намената признавам,ама и преубаво мириса,абе ќе се солупам цела некој ден. Користам арома-терапи гелови и купки и сакам на база на лаванда,пачули,иланг-иланг и др.комбинации или поединечно нешто во овој стил. Од млека за тело моментално употребувам едно за затегнување на кожата на телото од Dove,имам и од новата колекција на Nivea,ги употребувам наизменично. За интимна нега користам интимен гел од Nivea кој е пХ неутрален,ама и сода бикарбона секако консултирана сум со гинеколог. За стапалата пишував на соодветната тема.Со кремата од невен се мачкам и на сите места каде кожата е нешто потврда.За раце употребувам креми со витамин Е и масло од јојоба.