Кога имам пари гледам да купам навистина квалитетна козметика ...Имам моментално цела линија за нега на тело од Sephora Priorities (путер за тело,лосион за тело,пилинг и гел за туширање) и сум презадоволна..Освен дали е квалитетна,битен ми е и мирисот.(ги обожавам оние слатките,како ванила,какао и колачиња,кокос итн.) Битно е кожата да е чиста и хидрирана. Кога ќе ги потрошам овие ако немам пари за исти такви нови си правам дома козметички препарати.Еве бидејќи пилингот ми е при крај,си подготвив вчера еден.Ставив маслиново масло,шеќер,млеко,топено црно чоколадо,банана и кафе . И то је то
Се туширам секој ден, а косата на два или три дена зависи. Иначе користам гелови за туширање од Авон и некогаш сапун од Dove. Пилинг правам неколку пати месечно или барем еднаш неделно. Многу мразам лосиони за тело, ми се лепат некако не ми се удобни, па затоа ставам ретко, а кога ставам ставам од авон од ванила или елдена. Лосиони ставам еднаш или двапати неделно, колку да има малце хидратација кожата. За интимните делови користам од Авон гел и после депилација ставам бебешка пудра. Исто така се грижам и за стапалата. Нив ги правам со турпија, па со пилинг и на крај ставам еден крем од орифлејм. Крем им ставам секој ден, а со пилинг еднаш неделно. За лицето се грижам секој ден, а на рацете ставам крем само во зима, оти многу ми потат во лето .. Секогаш се депилирам, без разлика дали е лето или зима. Сметам дека водам добра грижа за телото и кожата ми е секогаш чиста, со многу убав сјај и мазна.
Се трудам да бидам најпрво чиста бидејќи хигиената е пола здравје нели! Се туширам по два пати на ден со бебешко сапунче, после секое туширање се мачкам со Бекутан бидејќи ми ја прави кожата мазна а и обожавам кога мирисам на бебенце, толку ми е некако чист и нежен мирисот. Некогаш пред излегување се мачкам и со еден лосион со мирис на некои ванилини колачиња, ама тоа некако ми отвара апетит па поретко го ставам Се депилирам на две недели со апаратче бидејќи не можам да поднесам влакна! Смрт за влакна! На лактите и колената ставам посебна крема (исто така бебешка Нивеа). Во недела правам пилинг на целото тело со шеќер и после кожата ми е... мераци! Секој ден ги мачкам стапалата со бадемово масло и бебешка крема и потоа си облекувам чорапчиња, а лактите и колената ги мачкам со бадемово масло во недела после шеќерниот пилинг. Рацете ги мачкам, шлакам, премачкувам со крема затоа секогаш ми се убави,мазни и негувани. Практикувам бразилска депилација еднаш месечно и навистина се исплати! Освен тоа, се трудам колку-толку здраво да се хранам и да вежбам, бидејќи тоа е многу важно за здравјето на телото. И то бре за моето телце!
Веќе имам кажано дека сум горд сопственик на целата Бекутан колекција и комотно можам да угостам некое бебче и да се чуствува како кај неговата мамичка . Се туширам секој ден со Бекутан (пенливо средство за капење или шампончето), понекогаш со Дав или Фелче, но тоа ретко ако немам Бекутан при рака. После туширање ставам крема на лицето и вратот, а на тело еднаш неделно уље и млеко, а секојдневно само млеко. Имам многу сува кожа и многу брзо ми впива што и да нанесам, па уље морам барем еднаш неделно да ставам, а секојдневно млеко кое после саат време го нема и пак од почеток. Бидејки се туширам секој ден едно шишенце со млеко за тело трошам неделно, но добро е што Бекутанот е 80-90 денари па можам да си дозволам, од другите мало-морген. А на моите копанчиња (бутови), задникот и на градите си мачкам една крема за стрии, која незнам дали има ефект но јас битно ја мачкам . Во посебни ситуации, најчесто кога му припремам некои романтични вечери на Петко се мачкам со омиленото млеко на Викторија Сикрет Но имајки ја предвид цената на ова млеко, можам да си дозволам да го мачкам поретко . Депилацијата ми е на 3-4 недели, нозе и раце, интимната зона и пазувите ги средувам со чичко брич, пазувите секој 2-3 ден а интимата на недела-недела ипол. Петите секој ден додека се туширам си ги поминувам со камен, а еднаш месечно си правам педикир, ги мазнам, стругам и сл. тортури подолго време 30-40 минути. Потоа следува мачкње или со Бекутан кремата за лице или со павловичева . На лице еднаш неделно си ставам маска од зелена глина, а 2 пати месечно ги депилирам надусниците. Си правам и пилинг на тело, не со пилинг како крема туку со една луфа на која намената и е за пилинг, тој пилинг го правам неколку пати месечно, просечно земено еднаш неделно ќе му дојде. Мислев дека не се грижам многу за моето тело, но вака кога гледам па доста внимание му посветувам .
Гел за туширање: моментално Vivian Gray, а вообичаено Fa или Palmolive Интимен гел: Oriflame Млеко за тело: моментално Felce Azzurra, а вообичаено Nivea Крем за стапала: Foot Works силиконскиот крем на Avon и турпија после секој допир со вода Стик: Dove Пилинг: секојдневно со ракавица "рибача" што трие до коска Физичка активност: 3-4 пати неделно по 1 час (моментално на пауза заради тропскиве горештини) Отстранување влакна: по потреба, строго депилација освен пазуви, тоа секојдневно Многу често користам и павловичева крема за посувите делови на кожата, антицелулитен крем Сатва, некоја Алое крема против црвенило (после депилација), во зависност од расположение и од тоа колку ќе се разголувам, се шлакам и со крем за самопотемнување.
Не би можела ни ден без моите лосиони. Имам прилично сува кожа, и после туширање, нанесувам на нозете од Нивеан антицелѕлитен крем, ги масирам, потоа ставам на целото тело до вратот лосион, имам многу значи, но најнов и моменално се мачкам ос него, е еден чоколаден, што си го зедов од Грција кога бев на одмор, и морам да го пофалам, му нема рамен, лосионот е чоколадо во вистинска смисла на зборот, да сакаш да ме изедеш Редовно користам сапун, за рацете секогаш, Нивеа исто, а си имам и масло на Бектан, кое летото најчесто го користам.
Пред да ја мијам косата, ја шлакам убаво со бадемово масло (кај стигнам ставам од ова, по цело тело) или со ореово, ама онака мрсна да е. Бадемот преубаво мириса, мене и оревот иако се жалат обично, баба ми имаше таква крема за лице кога бев дете и навикната сум на мирисот, убав ми е. Оставам маслото неколку саати, нешто помалце од 3 обично. Мијам, па ставам Глис маска жолтата (маст хев), и тоа е тоа. На полумокра коса, регенратор или Шаума или Глис шприцам, убави се и двата. И силиконски капки скрос на крај. Многу тешка коса имам за нега и ако не го поминам цел ритуал ко палма изгледам. За фаца, на 4 дена од Гарние она со гранули Пјур пилингот или како и да беше, многу споро го трошам. А за секој ден, млеко за чистење Орифлеим (едини производ од овие што некогаш ми се допаднал), и Лореал трипл актив, обична хидратантна крема за преку ден. Гелови за туширање менувам често, користев Нивеа, Палмолив, Фа, Дав... Убај се сите, ама последниов нема да го сменам за жива глава, Лаура Вандини. Го препорачав и во омилени продукти, најубавиот гел на светот. Исто и кремот за после бањање ми е од оваа фирма. И Павловичева, ама тоа пред спиење, посебни гаќи и пижами за неповторливиот грд мирис на истата, и легнувам, да не би ја осеќала. Сабајле мека кожа, плус не труе. Со Павловичева се цементирам исто и после депилирање, смирува многу побрзо, омекнува и нема црвени точки. Пудра во прав Бекутан исто после депилирање. Антицелулитен, Сатва.
Уф,уф ги обожавам тие моменти кога се тинтариш А и потреба е ,нега не хир! Нема кој не се негува.А ако има,- не ,не сакам да помислам Гелови за туширање сум сменила еден куп.На Авон се добри,убав мирис,ама кожата ми е сува,никаква.На Орифлеј пак -бетер! Фа исто не ми се допаѓаат.Од Дове и Нивеа предност им давам на Дове,иако Нивеа имаат подобар мирис,сепак Дове се похидратантни.И млеката и геловите. Палмоливе almond-предобро е и млекото и гелот.И мирис и хидратација :up: Кожата како свила. Она млеко од Кам,плавото,е исто хидратантно но нема некој мирис.Сепак добро е. Сестра ми ми донесе гелови и млека и од Викторијас с. и од Bath&Body works.Mоже ќе ми речете будала сум,но вторите се предобри.Ми мириса сета облека ко најскап парфем да имам ставано.Дури ми се чини и нема потреба од парфем!Одлични се.Штета што многу работи,нема кај нас.Инаку биле околу 10,12 долари,250 мл. На нозете,т.е. петите ставам крема од орифлејм-незаменлива ми е,зелената. Лицето стандард-нивеа за млади пилинг,тоник и крема.Во последно време и гарниер крема или павловичева-незаменливо. И Неутрогена ја фалат па сакам да ја земам.Ако ми с ејават акни-Хлорамфеникол. Дезодоранс моментално новиот Нивеа48 часа,предобар е.Или Дове.Интимо-Бекутанче :up:
Гел за туширање што моментално го користам (преубаво мириса): Млеко за тело, веќе подолго време ги користам тие на Авон: За нега на раце: За нега на нозе, пилинг, спреј и крема од Авон:
одржувам многу голема нега на тело!,Нешто најважно е тоа деф. користам особено повеќе,лосиони,креми,опседната со тоа сум - гелови : не се гледаат баш вторите,иначе се Rica shower gels имам уште некои,ама доволни се - лосион/креми користам: - за раце : La ligne - Hand & Nagel Creme
Моментално за туширање го користам ова гелче Млеко за тело го користам ова од мртво море штета што ги нема кај нас,крема за стапала исто од мртво море.Крем за лице од гарниер ја користам зелената,за миње лице користам нивеа .
ова само што ке се намачкам ми го пие кожата за то во комбинација со маслото погоре и ова ми е така мрсничко ко за мене ииииии како мирисаааааааааа
За туширање користам (розавото) Обевезно после бања се мачкам со млеко за тело: Многу сум задоволна. Го користам доста време. Многу сум прецизна относно кожата на телото-да ми е мека и мазна! Летово обевезно се мачкам со дури и до продавница да одам. Така ми кажаа докторите, имам доброкачествен тумор и треба многу да се пазам од сонце, да не стане злокачествен
Во лето и зима не ми се разликува многу негата на телото. Освен што во лето повеќе ставам дезодоранс. Како и да е.. ==> За туширање моментално го користам ==> Гелот за туширање Fa, а често го кoристам и Becutan. ==> После туширањето ставам дезодоранс или спреј за тело ( сеедно ). ==> И најпосле ставам млеко за тело
Користам гел за туширање оние од Авон Senses многу убаво ми мирисаат а и како да ми ја омекнуваат кожата. И на крај се мачкам ако не ме мрзи и ако имам воља хах со млеко за тело Елдена (а кога ќе го потрошам планирам да си купам лосион). Си ставам рексона под пазувите и уживам. За лице користам една помада појма немам како се викаше ама многу ми одговара а ретко некоја помада на мене да ми одговара пооради алергијата што ми излегува од нив.
Лубеница ми е едно од омилените овошја па решив да ја порачам од авон целава комбинација во пакет и не згрешив , мирисам на лето А кремов дава некое чувство на мекост јас го користев за посувите делови ( лакти и надколеници ) ама го користев порано ,понекогаш знаев и по три пати на ден од досада и ете сакам така да си се мирисам ти се чини ќе се замозаљубам сега ќе земам од фрутини ама некое друго . Сакам сите да ги пробам
во зима користам производи од авон а во лето си правам пилинг за тело од 500 гр. шекер,2 лаж.зејтин и 2 лаж. мелко и при бањање на влажна кожа се намачкам и се исплакнам. потоа се вљубувам во моето свилено тело . пробајте нема да зажалете
јас се извинувам што сум оф топик, меѓутоа сакам да ве прашам да ми дадете некоја препорака за лосион за тело кој не е мрсен и кој би ми помогнам во изчезнување на мозолките , бидејќи имам многу нежна кожа кој ми ствара мозолки ... ве молем за совети