Нас во средно професорот не ни предаваше историја по книга, беше многу хар кор човек, си имаше он свое гледиште на историјата и така не учеше и јас.. Нејсе, еднаш учевме за Античка Македонија, и дојде до делот каде што ни кажуваше дека во Античка Македонија, на територијата да денешната РСМ климата била многу неповолна, високи дневни температури и тука живееле лавови и некој други пустински животни.. Од таму и симболот на Античка Македонија е лав, а не дека на некого така му текнало. Нејсе, јас таква историја пред тоа немав учено, па го препрашав, и пак ми го кажа истото, ама јас тоа не го запишав во тетратка и ден денес се уште не сум сигурна дека тоа е вистина затоа што нема официјални податоци, а и на овие простори нема пронајдено фосили од лавови кој тоа би го потврдиле.. Е сега да се вратиме на случајот со членката од погоре, за сперма се учи во 9 одделение, значи ти во 9 одделение веќе треба да имаш претстава колку е 300 милилитри отприлика и ако професорот се збунил требало да препрашаш, во најлош случај да отвориш и во книга да прочиташ а не овде да ни кажуваш како тоа што ти си чула грешно, грешно си запишала или пак он се збунил додека диктирал е точно...
300 милилитри е 0.3 литри, а тоа е некаде како лименка пиво или како оние чаши за пиво што се, не сме ние машини за сперма. Околу 4 милилитри е, односно една лажица.
Лавови живееле во Европа, ама се истребени, не трескал глупости професорот твој. https://en.wikipedia.org/wiki/History_of_lions_in_Europe
Јас не кажав дека не живееле, туку дека јас ја немав така учено историјата до тогаш, бидејќи предходните професори од книга не учеа и чудно ми дојде.
Нема да се натегаме сега што сум кажала, не верувам затоа што нема научно покритие, може и да живееле, може и не.
Живееле, ама неколку векови пред Аце. Во времето на античка Македонија, лавови имало веројатно само во арените за борби, а не во дивината. Така да, донекаде и трескал глупости професорот.
Off topic Лавовите од овој дел на светот исчезнуваат некаде во периодот помеѓу 1. век п.н.е. и 1. век од н.е., што значи дури 200-300 години по Александар III, на што укажува податокот дека Римјаните за гладијаторските игри користеле лавови од Грција. Во македонската кралска куќа, убивањето лав со векови се сметало за престиж и херојство, така Александар на тетрадрахмата бил прикажан нагрнат во лавовска кожа, инспириран од митскиот "предок" Херакле, тие во тоа време биле склони митологијата да ја преплетуваат со реалност. Он, за спермата не остана што да се пишува после прочитаново, гаси компјутер, добра ноќ.
Од многу фактори, и егзогени и ендогени Почнувајќи од количеството внес на вода и начин на исхрана, хормонски статус, присуство на микроорганизми во спермата и сл…