Искрено не би прашала. Сепак би ценела доколку чисто информативно ми каже Не е дека ќе си чукам глава од ѕид ако не каже, но сепак ако има доверба меѓу партнерите, бројката е само бројка
Јас одев со еден извесен "фраер" што нонстоп ми раскажуваше случки за минатото. Mислам со кој памет? Која девојка сака да слуша за сексуалните активности на дечко и пред неа што ги имал? Никогаш не го прашав за бројка, искрено и ми беше страв да ја знам
Воопшто не ми е битно колку партнерки имал,сепак секој си има минато.Битното ми е од денот кога сме заедно ,а истото важи и за него.Сега за сега сеуште сме си верни еден на друг
Ако може темава да се преименува во ,, Значењето на невиноста кај мажите за денешните жени ,,. Фала многу, пријатно.
Цврсто стојам зад тоа дека не ме интересира со колку бил во минатото пред мене, ниту некогаш сум прашала. Сметам дека секој жив човек си имал минато, па тоа прашање би било несоодветно.
Не прашувам , ниту ме интересира . Ако сака да ми каже сам , ќе го ценам тоа , ако не сака , не го присилувам .
Па ако имал многу не сакам да знам од причина што ке ми се згади малку.. и да, сеуште има девојки кои не се горди на разновидното и богато сексуално минато на партнерот. Мене лично ми смета, иако последниот партнер ми спаѓаше баш во таа категорија.
Па јас си прашувам од љубопитност. Просто не можам морам се да знам ме копка иначе, ако нешто ме интересира како детиште сум кое скока околу играчка и не се трга од неа додека не му ја купат. Не сака да ми кажува такви работи, едвај извлекувам некои ствари од него. Интересно ми е да слушам и не се откажувам додека не ми каже нешто барем ама потоа станувам љубоморна малку и го кревам носот ама секако глумам дека е поради друго нешто. Иначе бројката не ми е битна, он имал навистина многу пред мене и подобро за него се изживеал а и поубаво за мене со искусен тип имам работа
Никогаш не сум го прашала ниту ќе го прашам. Навистина не ме интересира. Знам дека имал две подолги врски пред мене и толку. Не ме интересира со која што правел и слично... Навистина е тоа небитно, дали бил со 100 или со 2 не го прави човекот тоа.
Сам ми призна дека бил со многу...Страв ми е од бројката искрено ама ништо не ми спомнува ни со кои ни сака да знам.
Мене ми е многу невкусно ова прашање. Што ќе му или што ќе ми смени фактот кога ќе дознаам со колку бил пред мене? Тотално небитна информација. Дали ќе сподели или не, си останува на него. Секој има некакво минато зад себе.
its all in your head неколку години по ред нудев предизвик на мажиња што тврдеа дека мн ќаруваат да се ставаме заедно...никој нејкеше, сите кјаруваат ако случајно другарка на другарка ги засвига и успеат да ја опијанат или од некој кјар ако види у него па за да го искористи а тоа не се големи бројки...3 во година максимум ако се гњави со тоа како добар гоим (не викам дека кјарувам мн само не сум гој)
Не сум прашала и искрено не ме интересира што било пред мене.А и тој исто така,ни за претходни врски ме нема прашано,а не па за нешто друго.
Ме интересира,но нема да прашам. Не сакам за моојот да зборувам ххх Сепак за СПБ сакам да знам т.е. дали е наидувал на нешто со инфекции поврзано
Daj boze da e taka ama ovoj e pogolem valjda brojkata e pogolema a i mi kaza nejkam da te lazam.so mnogu sum bil ama toa e minato
МЕНЕ МЕ ИНТЕРЕСИРАШЕ СЕ !Ама нее извлеков многу од него. Ми кажа само дека бил со 3 а јас невина и некако не ми беше баш сеедно.Сега кога ја изгубив со него невиноста после долго време сакам да дознаам повеќе работи.Еднаш ми кажа уште на почетокот кога инавме петинг е вака јас имам пробано и то ми е во глава сега и цело време го прашував ама ништо не извлеков.За спб дознав дека со кондом било само на минута без па со кондом.Пак ќе си прашувам јас оти таква си сум радознала а љубоморнааа уфф премногу па и ќе се налутам и лошо ќе си направам ама ајде.. радознала еднаш радознала засекогаш. Инаку сакам да го прашам какви пози преферирал и дали женските со кои бил доживувале оргазам. Јас искрено досега 2 пати доживеав еднаш клиторичен еднаш мислам дека вагинален беше(во тек на вагинален) инаку онака клиторичен секогаш доживувам.Ме интересира оти со кондом многу ме печи и боли и не сум опуштена и сакам да знам дали се трудел а еднаш ми рече да сакам да ја задоволам парнтерката сигурно злобно е да си мислиш само на себе.И сега кога знам дека мене ми е прв а јас нему не пааа... љубоморна сум и ме интересираат ногу раб.