Повеќе би се нервирала да си му прва не ќе знае да те допри а не друго хахах. Подобро е да е поискусен
Нема врска тоа... Сега е со тебе, тебе те сака, а ти го сакаш таков каков што е. А таков е, дел и поради таа негова бивша Уживај го и не му ја мисли
Никогаш не сум го прашала дирекно, можеби низ муабет да споделиме слични искуства и покрај тоа да извлечам нешто ако ме интерсира. И никогаш не мислам дека имал подобра од мене, моја логика е ако бара нешто подобро од мене ваљда би продолжил во потрагата а тој постојано ми кажува и докажува дека ужива и му е убаво
Не ме интересира тоа минато, само не би сакала да имало курви, односно да платил за секс. Се друго си е негово, само негово минато. Исто како што и тој не се замара со моето.
Не ме интересира. Исто како што и мојот не треба да го интересира. Не кажувам макар и на муватор со кој и што сум правела.Тоа е моја лична работа и тоа е тоа. Најбитно ми е болест некоја да не имаат закачено и толку.
Ауч. Толку многу знам за неговиот сексуален живот пред мене што кога ќе ми се створи слика што правел со кого како... коса ми се крева од кожа ме вади!!! Љубоморна сум на тоа?? Свашта.. сама на себе не сум си јасна
Знам онолку колку што сам ми кажал . Не го потпрашувам , и не се замарам . Ако има желба да ми раскаже , отворена сум да го слушам . Ако нема желба да ми раскаже , тогаш тоа е негово право . Јас сум му кажала за моето " огромно " сексуално искуство , и ми се преврте од смеење .
Мене сопругот ми вели дека сум му била прва па знам 2 врски пред мене негови кратки па демек немал однос исто и мене ми е прв па се учевне заедно
Како бе не ве интересира? Мене се' поврзано со партнерот ме интересира. Сакам се' да знам за него, и тој се' да знае за мене.
Ми има кажувано.. Има и уште многу за што не е ми кажал. Многу е поискусен од мене, а и разликата во години не ни е мала, па си велам добро супер, си проживеал и еве се смирил.
Сигурна си дека се смирил?☺ Не ме сваќај погрешно. Ме нервираат само типчиња,што бараат неискусни млади моми,си го лечат егото,а тие пак од друга страна се и биле сексуално хиперактивни. Што кога ситуацијата би била обратна? Пак ќе речам,не ме сваќај погрешно. Ви посакувам на двајцата секое добро.☺
Коментаров ти е небитен и безобразен. Не, не те сфаќам погрешно. Таков ти е коментарот. Ако им е голема разликата во години не значи дека си го лечи егото на нејзе. Немој да се возбудуваш толку. Ако некој дечко те повредил тебе не значи дека сите се исти. Имаш други теми за жалење.
Далеку од тоа дека генерализирам и дека сите мажи ги ставам во ист кош.Има прекрасни во секоја смисла на зборот.Зборувам за "мажињата" кои имаат двојни стандарди.Сакаат млади девици а од друга страна сакаат нешто да пробаат на страна.Нели е тоа его? Можеби коментарот не ми е вкусен и претходната феминка не сакајќи сум ја навредила,но тоа не ми беше намерата. Многу љубов☺