Неговите родители и не можат да ве сакаат . Се се сведува на почит . Сум немала таков проблем до сега , но верувам дека е доста мачно да имаш работа со мамино синче и родители кои ниту те сакаат , ниту покажуваат почит . И пак , се се сведува на дечкото/сопругот . Свекорот и свекрвата кај нас на пример не смеат да не ме почитуваат . Од прв ден кога стапнав во куќава мм им кажа " јас неа ја избрав , вие сте должни да ја почитувате " . Секако , и мене ми беше појаснето ( а немаше потреба , така и сум воспитувана ) дека треба да ги почитувам како негови мајка и татко . Врти , сучи , за овие работи треба дечко со јак карактер , одлучен да не завзема страни помеѓу двете најважни жени во неговиот живот и да ја балансира работата ако дојде до расправии или не почитување на свекрва/снаа .