Мало но убаво грдаче, тука сум родена и порасната, си го сакам Неготино... Дали имате дојдено во Неготино? Како ви изгледа нашиот град?
Јас многу го сакам Неготино. Едно време работата многу ме носеше натака, еднаш неделно обавезно одев. Прв пат кога го видов ептен ме изненади пријатно, претходно мислев дека е нешто како предградие на Кавадарци, немав никакви очекувања. Имав и супер соработници, па може и поради нив многу го засакав Неготино.
Колку само посакувам пак да одам.Не заради тоа дали е убав градот или не (сепак според мене е супер),ама тој град ми ги буди најголемите спомени од една зима......
убаво е местото го има најубавиот базент на цела македонија и знам дека таму одат од секаде од сите градови доаѓаат.
Базентот е гордоста. Јас сум од Неготино ама не ми убав ногу градот...Спортската сала ми е убава,зеленило.Сега има Стритбол( Street Ball),улична кошарка и врие од луѓе на плоштадот.Убаво е и кога е панаѓур,со септември
Роден град, но воодушевување многу гоемо немам, мало. Немаме една салам установа, болницата наша на ништо не личи. Носепак тука живеам, сум израснала но не ми се допаѓа многу.
Неготинчанки а не се познаваме, ма каков панаѓур само тоа кај нас остана, а во другите градови забави си прават и пеачи си викаат.
Во Неготино - градот не сум била, ама сите пофалби за базенот Мислам дека е најубавиот базен (јавен) кај нас. Често одам летно време, единствена маана е премалиот избор на храна и пиење, ама самиот базен ми е ептен погоден
Во градот сум бил еднаш. Не ми остави некој добар впечаток. А на базенот не сум бил, но сите го фалат. Сигурно нема да ми направи ќејф по сите тие базени видени во странство. И во аеродром кај нас во Скопје го фалеа базенот како еден од најдобрите, а базенот вришти.
Абе се зависи што очекуваш, не е Аква Парк, обичен е базен, само голем, и искрено јас кога сум била секогаш било солидно чисто. Еве една сликичка од мене, има само еден тобоган на кој се немам пуштено, кај средниот базен има шанк во вода Иначе 3 ипол базени се - детски, еден ипол е среден (од плитко околу 120-130 па докај 2 метра) и длабок. И многу ми се свиѓа организацијата - посебен шанк за храна, посебни за пиење, посебен за сладолед/грицки, доволно простор за седење, лежење. Гардероба нема, не е довршен објектот.
Јас кога одам по вакви базени, прво сакам голем базен (овој е добар за мои критериуми), второ сакам добра музика да се пушта (а уште повеќе би сакал кога им диџеи), трето сакам да е чисто, четврто да има и ноќни капења и журки. А кај нас познавајќи го народов, наместо во веце, се мочаат во базенот. Ете и гардеробер фали, што е најважно. А тоа што има посебни шанкови за се, ми се допаѓа.
Такви базени што ги гледаш по туристички места не би имале економска исплатливост во градови како Неготино. Доволно убаво е и ова што го имаат. Инаку, очекувате од градови со 30-40.000 популација да живеат и функционираат како градови со милионска популација. Тоа никаде го нема. Неготино како град е можеби еден од урбанистичко најубаво уредените градови. Не мислам во смисла на естетика, туку на функционалност. Пропорционално поделени парцели, типски куќи, широки улици, линеарно подредени куќи. Не е она типичното македонско „гради каде што ќе ти се присака“. Имаат некаков ред.
Да, тоа им е голема маана, се гледа дека е почнат објектот (се наоѓа лево на мојава слика, скроз на крај - кај што има и детско игралиште), ама се надевам ќе го завршат. Од музиката бев задоволна, инаку бидејќи се води како ноќен клуб, веројатно и ноќно бањање има, нека кажат Неготинчани За мочање не знам, тоа па и не е баш што можам да откријам Инаку им фалат работи во менито, нема коктели на пример, нема голем избор на пиво итн. А и детскиот базен вистински е детски, на пр. на Истатов базенот е всушност за возрасни “детскиот дел“, нешто како џакузи им била замислата.
Летoвo бев вo Негoтинo зa нa бaзент. Прв пaт бев вo грaдoв, a пoрaнo сaмo пoминувaв пoкрaј негo. Кaкo грaд не ми се дoпaѓa мнoгу, немa ништo интереснo. Единственo бaзенoт ми oстaви дoбaр впечaтoк и пицaтa штo јa прaвaт. Музикaтa беше вo ред, единственo нештo штo фaли е гaрдерoбa дa имaaт, дa имa кaј дa се пресoблечеш, a не пo вецињa дa се oди. И дa, немaaт некoј гoлем избoр нa мени.
Повеќе пати сум била во неготино базентот последниот пат ме разочара извадени плочки што буцкаат на нозе 60% беа роми што беа без култура во ред е да скокаш или да напрскаш некој ама нивното беше претерано. Бизи бургер и ема пицеријата не ми се тоа што беа храната е сменета не е како претходно. Многу пријатно се изненадив од ресторан балкански храна беше одлична местото пријатно услуга супер и не е скапо. Паркчето на саат кула за мали деца ми е екстра како и куќите на саат кула повеќето се нови и преубави. Фин народ се според мене подобри од кавадарчани. Ме интересира памела не сум била до сега таму освен во бензиската. Дали е ресторан тоа горе со базент или бар.