Во Гостивар во Недела не е баш толку тишина,полни се кафичите,некој кога е лето покрај кеј,и во пролет исто.Ем накратко ги забораваш проблемите и се раздвижуваш.
Недела е ден кој некои си го користат да останат во својот дом и да се одморат, да наполнат батерии за новата работна недела, па и да сработат нешто по дома што не стигнале во работните денови. Други одат во викендици на оддалечени места, трети исто така посетуваат некои места во близина на градот, го користат слободниот ден за прошетка. Четврти посетуваат роднини или пријатели во друг град со кои не се виделе долго време. А и продавници и институции не работат па луѓето многу ги нема по улици растрчани наваму натаму; не одат на работа, не одат ниту да завршат работа. Има по некој кој излегол да пие кафе.
Недела ми е секогаш скапан ден. Саботата ако заглавам и во недела ми е јако. Иначе денов е бош, бош и ме нервира.Све е мртво.
Недела е ден за одмор, шетање, но малку и пасивен ден. Ако понеделникот ми е напорен, уште од недела вечер го мислам. Во целина, ми е убав ден.