Недела си е недела!Отре ќе се спремам за на училиште,ќе земам книга нешто да потчитнам и тоа е тоа.Глуп ден .
Е недела е де. Последен ден од распустов.. Барем уште малце да потраеше Утре за утре, здравје боже... Планирам да се спремам нешто од нешто...
..најглупиот ден во неделата. Треба да се спремам за во школо, али по навика го предремувам денот на пц.
Недела ми е најдепресивен и најдосаден ден отсекогаш ми било така и кога сум одела на училиште а и сега. Ден за безделничење како таков го сфаќам
Евтина струја, јухуууу!!!!!!!!! Ќе можам да се избањам Шала на страна, во последно време во недела сум опседната со машината за перење, многу имам мерак да пуштам машини, не знам што фетиш ќе беше. А машини на евтина струја ми се посебна страст, кога ги пуштам имам слика пред очи дако да сум пред евн и им покажувам шипак, на! Ги сакам неделите затоа што вообичаено ги поминувам со тие што ги сакам. Обавезно има некоја дружба со пријатели, роднини, голем дел од денот поминат со децата... и да не заборавам, спиење до касно
Аее како дојде како се запусти. Треба да се туширам а ми студи Треба да учам а ме мрзи Треба да одам до продавница а несакам да се шлакам по снегон Утре на училиште 1ва смена Абе го мразам денов
Недела е ден за гз преку глава. Имаш толку многу работи да завршиш, а толку малку време. Сакаш и да се одмориш, и да се подружиш, и да се спремиш за утре... Многу тежок и напорен ден.
Недела-мрза... Ќе си се влечкам по кревет до 12 после ќе спаднам долу ќе доручкувам,па пак ќе си се вратам в кревет ќе си погледам тв па ќе станам на ПЦ па ќе дојде време за ручек,после ручек пак на ПЦ и накај пет ќе ми текне оти имам нешто за учење па коа ќе седнам абе за еден час готова сум. И во меѓувреме кога ќе се згрее водата се бањам.Вака ми изгледа секоја мрзлива недела
Недела е ден за учење...секогаш!Оваа недела е совршена за една кратка прошетка и мавање со снег, ама кој да има време за тоа?
недела е ден кој ми го наговестува, досадниот Понеделник, тоа е секогаш така. Инаку денес денот ќе го поминам relax со нет и со книгата која ја понав - да ја дочитам.
Недела -омилен ден Вечерта не морам да излегувам-па можам да си правам еден куп други работи. Уште да сум втора смена утредента! Милина!
Недела, дефинитивно најдосаден и најглуп ден!!! Нели као треба да е ден за одмор, а уствари во недела најмногу се работи. Се пребришува целата куќа, игра правосмукалката, се менува постелината и сите додатни работи кои веројатно сите ги знаете. После следи ручекот нели, ете тоа е добра страна на неделата, тогаш заедно ручаме, а другите денови не секогаш туку кој кога ќе стигне. Одкако сето тоа ќе заврши седнуваш да одмориш арно ама нема ништо на телевизија, досадно. Кога ќе дојде време за излегување во недела некако немам воља да се подготвувам, да се дотерувам, бла бла, ама одкако со жив зор ќе го направам тоа и ќе излезам-најубаво си поминувам. Недела ми е убав ден за излегување.
Недела... знаеш дека иде крај на прекрасниот викенд и мора пак да им се вратиш на обврските. Колку е само тажно ова :'( :'( :'( :'( Иначе денеска цел ден си бев сама, и ни до продавница не отидов заради временскиве неприлики. Пукнав!
Недела ме потсеќа на она.. tomorrow is Monday. иначе знам убаво да си ја поминам, со најблиските, може и негде на гости да дојдам ова-она и така.. но, секогаш најголем дел од тој ден го поминувам со нешто у врска со школото. учење, бла-бла-бла.. што да се прави, започнува нова работна недела и така..