НЕДЕЛА е најглуп ден што може да постои ...... Не знаеш шо попрво да напраиш и се нервираш за утрешниот ден....
Баш би сакала да е недела барем два пати неделно Многу го сакам денов, главно поради целодневната дружба со пријатели!
Е вака.Јас сум успанка и ќе се разбудам у 12:30.Потоа ќе помогнам нешо на мама у работата ќе видам шо има на фејзбук,после кај другарка ми на кафе си глеаме озборуваме ЛОЛЗ!И после дома некое филмче и накрај убаво ќе си заспијам
...ама секоја си има свое значење и посебен настан. Неможам сите да ги ставам во ист кош. Посебно не, оваа недела.
Па недела е ден кој можеш целосно да се посветиш на себе . Па мислам дека не е толку туп и глуп ден мене ми е убав . Во недела можеш да се прошеташ со другарки, да напишиш домашни да научиш, да ја суредиш собата и најважно можеш да поспиеш до 13:00 часот.
Во недела сум си доволна самата на себе.Понекогаш си се пресметувам и психички се подготвувам за наредниот ден.Целото време си го посветувам на мене и на никој друг.Се преиспитувам,правам планови,размислувам,филозофирам,фантазирам и тн.. Си се одмарам и на некој начин ми `избледуваат ` стресовите преку целата недела со моите омилени активности.
Недела е денот кога одморам, кога немам обврски. После саботното излегување нормално ми се спие, во недела имам можност да поспијам на раат колку што сакам. Јадам па си ја чистам собата. Откако ќе завршам со тоа влегувам во бања и останувам околу 2 часа. Си се бањам полека, па кремови, маски, помади. Си посветувам внимание После, со ќејф бирам облека и одам кај дечко ми. Времето што ми преостанало го користам за да повторам нешто за на училиште И така.. П.С. Одвај чекам да дојде недела!!
оваа недела не ми беше вистинска недела, зошто учевме саботава.. иначе недела знае да биде подосадна од час по математика, се бањам, си чистам низ дома, учам, терам гости и така, ништо посебно..
Одвртен ден ми беше со саканиот се убивме чистејки пеглав перде ја бришев кујната,дневната,прашина колку сакаш,ми се фати половината од првосмукалката,правење ручек,миење садови и сега некој саат си посветив за себе да се спремам утре за работа.Нервозна бев сакам да имам повеке пари и да си викнам жена да ми чисти.Ветувам самата на себе летото кога ке се обелува и чисти генералка обавезно ке платам некоја жена денес се преморив.
Недела е обичен ден.Во недела се спремам за нашколо,се бањам,учам,читам лектира,гледам телевизија,одам на прошетки,се забавувам на нет,слушам музика и се одмарам , и секако си посветувам внимание.Но, јас секогаш сакам да си го испланирам денот,па не ми е толку досадна неделата...секогаш наоѓам занимација.