недела ден за играорна, за трошење на калории, за шетање по другарки и подготвување за престоојната недела
Ете, ми помина уште една Недела. За жал. Уживав како во секоја претходна, не пропуштив да се напијам кафе со драги пријатели и да јадам мрсничко за вечера, да ми држи до наредната.
Искрено да ми прости господ ама недела ми е најдосаден ден одсекогаш,незнам зошто ама така се чувствувам во скоро секоја недела.
Денот пред понеделник. Никој не јас сака недела дека му доаѓа пред нај напорниот ден во седмицата. Не дека и јас посебно ја сакам, но општо забележувам дека ретки се луѓето кој ќе речат- недела топ ден! До пред 10тина дена, секој ден би беше недела, е тоа да замислите колку е тешко. Без обврки, секој ден ми беше туп и досаден ко недела, без онаа блага еуфорија кон понеделник. Сега кога се си дојде во својот нормален тек си викам фала богу што седмицата ми исполнета, пада речам неделата ми единствен ден кога можам да денгубам, без да имам грижа на совест. Недела е далеку, ама понеделников ме исцрпи, да посакувам да имаме две недели оваа седмица. И не е се така црно, утре ќе ми биде нешто како недела
Jас си ја сакам недела .Имам среќа и што викенди не работам така да секогаш сабота е денот за одмор а вечерта за а НЕДЕЛА за шеткање излети гости ...Го сакам Скопје во недела .Полупразно без метеж и непотребни гужви .Недела ми е нај убава во април, мај и октомври .
Недела нај глупав ден нема што да се прави, нема некој филм на тв, па и дека се знае дека иде понеделник.Ах.
НЕДЕЛА мојот најглупав ден! Ден пред понеделник. И по цел ден нема што да правам на ТВ нема ништо само репризи на скоро секој канал. Ден за учење Можам да досадувам цел ден ама многуу ми е досадно секоја недела.Сите чистат,перат,се бањаат и никогаш нема притисок на вода. Најглуп ден и се чудам како можат да велат дека бил супер ден многу убав ! Ништо посебно немам никаква активност што би можела да правам.........