Мене Неделата ми е убава како ден.И кога работев а и сега кога сум дома.Обично Недела ми е ден на италијанска музика и филмови(бидејќи студирам италијански).Неделниот ручек секогаш е највкусен и обично доаѓаат сестра ми, зет ми и двете внукички Ема и Јана.
Станувам во 12 30 мислејќи дека пред 12 сигурно е..Досадни се неделите,не ги обожавам баш заради фактот дека утре е понеделник и следува нова работна недела,тоа работна ке го напрам со капс лок. РАБОТНА!!! у пм..до кога ке имаме обрвски(кутрите штотуку почнаа).. Пијам кафе и заминувам на учење. Феминки имајте убав ден
Недела е дефинитивно денот кога имам најмногу обврски. Не сакам ни да помислам на тоа што ме чека утре...
Недел е ден кога сваќам дека има уште цели 5 дена додека се видам со либето, или ден кога се поздравувам со либето. Во ниеден случај не го сакам
Недела е ден од седмицата кои ме потсетува на семејни собирања кои се се поретки, за жал... Недела е ден, кој е последен од оваа седмица која ме дели од моите пријателчиња... Недела е ден во кој кога бев мала, кога го имав незаменливото детство, обавезно се бањав... Недела е ден кој за мене претставува дел од годината кога ја запознав мојата најголема љубов... Недела е ден пред почетокот на целата работна седмица... Недела е ден во кој најчесто одам во црква...
Убаво ми е во недела, загарантирано знам дека ми е ден за одмор, саботата ја изгуби таа привилегија 2 пати во месецот. Се излежувам до доцна, си зачистувам низ соба, колку да не ја помешаат со живеалиште на прасенце, догледувам филмчиња, дочитувам начнати книгички, се ашкам по гости и кафиња... убавко ми е, ден за одмор и релаксација, благо надразнет од правосмукалката и реата на тежок домашен ручек. За разлика од порано, кога неделата ја викав гробар-ден.