за мене недела е како и секој обичен ден посо сум невработена и седам дома само легарчам и неправам нисто така да секој ден ми е слободен и неработен
Само оваа недела е супер, недела е ден пред понеделник, кој исто како и недела е неработееееен , што значи некако порелаксирано го чувствувам денов, без никаков притисок дека утре треба со сила и без волја да го поминувам половина од денот.
Недела мене ми е ден за бањање,пуштање машина за перење алишта,чистење на домот,бришење прашина,правење на ручек и останати домашни работи!
Отсекогаш ги мразам неделите.во недела сите се дома и обавезно нешто ќе се случи,некој со некој се кара ,бучно(еден одмор во недела...) и така.
Недела е ден од викендот кога сите сме слободни и семејниот ручек го поминуваме заедно.Потоа излегувам со пријателите,исклучиво машко друштво во некој кафе-бар.Овој ден ми е резервиран за дружење со нив.
Ден за банање(време за соло концерт) .Најдосаден ден .Кога сум втора смена-обичен ден.Кога сум прва- најтапа ден .
Порано ги мразев неделите,т.е повеќе понеделниците што следеа. Сега уживам во недела. Ден за одмор ми е. Ако немам обврски се будам во 8-9 часот си правам на раат кафе и читам весник/списание, на фемина сум , после си слушам музика и се средувам нокти,коса,лице. Или ако има за потсредување нешто интересно го правам тоа. Недела ми е ден за прошетка , гледање со друштво,ручек кај баба и дедо и вечерта обавезно чај и серија. Така заспивам најубаво. Единствено нешто што ме нервира во недела е ненајавени и непожелни гости.
Нејќам недели.Ете така,претставуваат крај на финиот викенд.И онака ништо не се прави в недела освен учење.
Недела, ах! Колку ја сакам, толку ја и мразам поради утрешниот ден. Недела ми е прилично ден за одмор. Си седам дома, јадам, на компјутер седам, слушам музика, читам книги, списанија, некогаш (читај еднаш месечно) и учам на недела и тоа е. Упс, ќе заборавев.. Секако и на недела се бањам, се средувам (правам нокти, депилација, чупање), ставам маски на лице и тие глупости и толку. На вечер си изгледувам некое филмче и спремни сме да почнеме да учеме од понеделник. Баш досаден ден.
.. радост и мир. Ден за шетање, учење и домашна пишење, гледање снимени серии, заеднички ручек, играње со кучето, читање книги, слушање музика за опуштање и психо-физички одмор. Со различни комбинации, неделата полека ми станува омилен ден, кој е далеку од досаден.