Недела е ден за учење Граќанско, спиење до два попладне, допишување цел ден и немање време за Граѓанско
Ден кога ме мрзи да јадам.Само лежам и гледам репризи на сител.А се разбира кога ке си легнам ми текнува дека имам за учење еден тон и така во понеделник си одам ненаучена во училиште
Недела е најмрзливиот ден, цел ден лежам, и неправам ништо, освен ако немам за учење Најтапа ден е стварно.
Ептен тапа ден освен ако не се договорам да излезам некаде, или ако отидам кај дечко ми. Недела е убав ден за фамилија и за дома, но јас најчесто баш неделите сум сама и немам никој дома. Ете затоа ми е тапа ден, во спротивно не би ми бил.
Леле недела..вчера беше.. Во недела..што попрво да направам.. Бањање (традиционално во недела ) , спремање книги , па и барање на истите( кој знае каде сум ги џитнала во петокот) , повеќе обврски ми се собираат за овој ден , а денов според Бог е наменет за одмор.. Осеќам дека е недела..знам дека утре пред мене е нова работна и напорна недела.. ама тоа е..не можеш да смениш ништо..
Недела е тапа ден. Стануваш од сабајле и чиста среќа е ако немаш ништо за учење, одмараш цел ден и на крај ритуал-капење. А ако имаш за учење, си окапал над книга цел ден.
Недела е ден за одмарање од сабајле, а потоа полека да се подготвиме за почетокот на работната недела.
Недела мене ми е убав ден! Некогаш одам во црква,бидејќи тоа ме исполнува.Недела е ден за семејството,за неделниот ручек.Ако се организираш добро,недела немора да ти помине во чистење.Јас секоја недела палам кандило и го ставам пред иконите.Мое мислење е дека недела треба да се помине со најблиските и тој ден несакам ненајавени гости!
Недела некогаш ми бил убав и пријатен ден но сега ми е стресен ден знаејќи дека утре треба да станам рано, да одам на факултет и да се справам со нови обврски.
Недела е ден за оние кои работат, да здивнат и да се одморат од целонеделната напнатост и монотонија.. Недела е ден за прошетки, седенки, уживање и опуштање.. Недела е денот кој неможам да го поднесам уште пред долги години наназад бидејки едноставно јас не фунционирам како јас, се е така депресивно и тивко.. навистина тмурен и безначаен ден..