Неделините порано ги мразев,некако тмурни ги доживував. Од кога решив да го сакам,еве се посончеви ми се.
Од ко не одам на работа секој ден ми е недела. А инаку обично ми е ден за во црква, па ручек кај моите, а поручек или прошетка или гледање тв со мм.
Со оглед на тоа што скоро секој викенд сум на работа (сабајле се вратив од дежурство и спиев цел ден) недела не ми значи апсолутно ништо.
Недела е ден кој што го користам за да прошетам некаде низ градот или вон град. Недела е ден од седмицата којшто го искористувам максимално.
Недела е последен ден од седмицата кој некогаш ми беше потполна асоцијација за семејни средби и одмор во опуштена домашна атмосфера. Со текот на годините и промената на животниот стил и темпо, овој ден ме асоцира на очекуван и планиран момент за завршување на домашните обврски низ "благодетите" за наводно користење на евтина електрична енергија. Додека секој вклучен апарат работи на евтина тарифа ние длабоко воздивнуваме за олеснувањето на паричникот и недостатокот на време за да ја почувствуваме убавата страна на семејната трпеза.
Кога ќе се каже НЕДЕЛА обично се мисли на одмор ,ручек со семејството и сл. Кај нас е сосема спротивно. Во Недела , обично сите сме слободни тој ден и се фаќаме да чистиме ,да правиме нешта кои не сме можеле во текот на неделата заради работните задачи. Нормално на крајот правиме некое благо или пита за на работа да се понесе. А за ручек нешто посебен , па и се нема време .Може да заврши раб. Нешто ид фрижидер. Сакав да кажам НЕДЕЛАТА веќе нее толку " величенствена " колку што звучи . Немаме време за ништо , ни за самите нас. ..
Недела најомилен ден во кој ги полнам батериите од работните обврски со добро спиење пред све следно добро местенце за шетање и дружба со другарите до крајот на денот.
За мене недела е ден за одмор и поминат со семејството. Во другите денови од неделата со самите обврски ен можиме да си дозволиме да се собериме и да ручаме заедно па затоа недела е ден за семеен ручек и попладне поминато со најблиските, инаку претпладне обично средувам некои работи по дома и одам некаде на пешачење во природа со едната сестра и брачеда ми, другата сестра го шетка кученцето. Навечер во недела си легнувам рано
Недела. Денеска првпат сум на приватни часови англиски. Повторувам за колоквиумот во Петок, многу и овојпат се собра, ама не како минатиот колоквиум што имаше трипати повеќе. Се надевам дека ќе го положам. После може да се видам со една другарка. И така.
Обично ги мразам неделите,ептен се изморувачки,тогаш треба да се средат и завршат сите оние домашни обврски кои сум ги поттурнувала во текот на целата работна недела