Недела е... Станувам и уште од утро сум мрзлива,ме мрзи да се облечам и да јадам,сите се дома и чекаат ред да се искапат ,мајками ќе земе цел ден ќе бриши прашина,ќе ми ја дупне главата со правосмукалката..Попладне ќе земам да повторам за на школо,ќе одберам облека за утредента и ќе се излежавам пред тв...Ќе си легнам порано,за да можам да ја започам неделата наспана иполна со енергија Всушност,недела е еден досаден ден кога се мислиш каква занимација да најдеш Полнење на батериите и посветување време на самата себеси! Така јас го сфаќам овој ден
Недела е глуп ден ,бидејки во недела учам,пишувам домашна потоа се бањам за разлика од сабота што цел ден се излежавам
Мразам недели, ама оваа недела излезе поинаква од другите. Нит чистев, нит средував, ништо. Цел ден го поминав читајќи, и шетајќи додека е прекрасно времето.
Недела е единствениот слободен ден кој го имам! Жалам што секогаш морам овој ден да го поминам сама дома, и понекогаш многу депресивно ми влијае таа самотија! Понекогаш пак уживам цел ден да си го посветам само на себе! Некогаш овој ден го доживував како најдосаден ден, особено кога бев студентка и ученичка ова беше денот што најмногу го мразев,умирав од досада...сега е поинаку,недела ми е ден кога можам да спијам до колку сакам, недела е ден за целодневно излежување, седење пред компјутер неограничено...ден што самата јас си го организирам зависно од расположението! постојат и такви ,,недели,, (како оваа денешнава) кога сакам повеќе гужва по дома,ама бргу се помирувам со фактото дека недела од секогаш за мене била ден без значајни случувања!
И мене ми е денов за учење ама ич па не ми се седнува да учам .. Брзо ми поминува а во исто време и споро .. не знам како да објаснам .. Ама тажен ден ми е недела
Јас не ја сакам неделата. Уште кога идев во школо не ми се допаѓаше неделата. Посебно се нервирам кога ќе се стемни и знам дека доаѓа нова работна седмица. Инаку кога се празници не ми смета неделата
Не знам од каде толку елан за работа. Чистев, пеглав, пружав алишта, сега ќе го преуредувам плакарот. Трешти музика дома... За некое чудо убаво ми е и воопшто не ме нервира што од утре почнува работна недела. Уживам во овој неделен ден
недела е ден за капење што би рекол еден мој школски ден за одмор и релаксација но и за подготовка за работната седмица која следи
Најдосаден фамилијарен ден. Како празник, или слава. Е така ја чувстувам јас баба Недела! Иако е толку депримирачка, кога ќе помислиш што е следно во неделава..
Nedelja, prokleta nedelja... Се успав денес за на работа. Мозокот сетиран на недела и си мисли не мора да станува Е мразам недела(освен коа сум слободна, тогаш ја љубам )
Недела... искрено е катастрофа ден. Последен ден од викендот, некако мрачен и глупав, знаеш дека треба да легнеш порано за да сабајле станеш у седум за на школо. -.- Знаеш дека те чека доолга недела и напорна и ќе треба да учиш секој ден. Петок - дефинитивно докажано најдобар, опуштен и ден за релаксација.