Мразам недела. Особено кога се погодува да е ден пред некое полагање, дома сите во гужва, се спремаат за новата недела, јас нервозна што повторувам и утредента полагам. Ништо не работи, се е затворено, некако напнато досаден ден.
Откако се омажив секој ден е како недела. Перат машини, се готви, се чисти. Кога бев средношколка не го сакав денот, сега ми е сеедно.
Бидејќи работам и сабота, во недела не знам што попрво да направам - дали да спијам, дали да прерам кола, дали да лежам дома, дали да шетам...