Еј денов ми е ептен тапа, цел ден се вуцарам по соби се средувам за утре за на работа и нема ништо на ТВ.Нај тапа ден!
Недела е најтапа ден. По цел ден или учам, или чистам, па треба да се спремаш за утрдента, нема што да се прави и најчесто се седи по цел ден дома. Ја мразам неделата!
Недела,ден пред најомразениот ден понеделник....сите во недела од комшиите чистат,се дерат,се карат,и се под ред...и кога и да држам диета во недела ми ја прекинуваат секогаш има највкусен ручек
Недела за мене е најглупав ден се е некако споро и тмурно, нема некое движење сите се по дома или се спремаат за на работа или за на ушилиште или факултет. Така да јас тој ден гледам да го преспијам.
Душиче Добро, барем да не те мачат многу, си имаш совршен изговор Ама пак, недела на работа = чиста депресија. Јас затоа сум денеска. А кога сум сабота на работа, неделата ко за белја ми минува за 5 минути.
Нема да ме мачат многу, плус скратено работно време ми дадоа (ова важи за викендите само), но нај лошо од се е што е многу ладно, ќе измрзнам утре, ќе морам пет пара пиџами и 20 пара хулахопки да облечам
Во недела секогаш ме фаќа некоја мрза. Не знам зошто но ете....Сакам да си кулирам цел ден. Никаде да не одам, да сум цел ден по пижами, а ко за инает е најдосаден ден. Нема на тв ништо......тапа. Еве, денес и магла има, абе хаос.............Мразам недела.
Денес за разлика од претходните недели, брзо ми помина денот..Учев, китев елка, слушав музика...До вечер има уште неколку работи кои треба да ги завршам, ама тоа потоа Сега одам надвор
Последните две недели ми поминаа убаво.Минатата недела бев на убав ручек во кафана по повод празникот св.Никола.А оваа недела најверната ми другарка си го посвети времето на мене ме фарбаше,глава ми миеше,депилираше и на лицето третман ми направи. Пиевме ракијка,салата,ручавме опуштена атмосвера многу ни беше убаво сега пред малку ја испратив. Недела како ден трчам по дома чистам перам,пеглам евтина струја да се искористе глупости... Оваа недела си беше за мене и убаво ми дојде ми делува на расположението....
Баш така Јас и двете ги направив иако немав голема желба за второто во оваа предновогодишна атмосфера Сепак оваа недела не беше толку лоша..ниту пак убава,онака просечна - како недела
Недела како прво е најтапа ден,после е ден за бањање и спремање психички за претстојната работна недела и секако за подрасчистување по дома.
Според мене недела е катастрофа ден. После викендот следува учење за понеделник , средување на собата...Највеќе мразам недела!