Ne se sekiraj i mene isto taka me ispanicija pa na krajot ispadna deka pokasno sum ostanala bremena i zatoa nivnoto presmetuvanje ne se sovpadna ...ic da ne breis gajle se ke bide vo najdobar red .... sigurno si ostanala pokasno bremena i zatoa taka ...pozdrav4e
Вакво искуство ми беше добредојдено да прочитам со однос на тоа во каква паника сум. Кој ке го издржи уште викендов дури во понеделник сме на контрола .....
Немало потреба да те плашат пред време, нема ништо невообичаено ако овулацијата и зачнувањето не се остварило според времето што е земено како теоретски пример, бидејќи праксата си покажува поинаку.Исто како што менструацијата знае да доцни без посебни причини, така и овулацијата може да се пролонгира а со тоа и целиот понатамошен развој на плодот. Тој не заостанува во природниот развој бидејќи оплодувањето не настанало 2 недели порано, бидејќи теоријата вели дека тогаш требало да има овулација. Имај позитивни мисли.Докторот може додека не види срцева акција, да не дава никакви посебни насоки.И кај мене кога се виде срценцето, тек тогаш докторот ме прати за крвна слика,ми даде инструкции за храна и витамини и слично.
ич не ставајте ги на ум овие работи,јас на првото дете ,на секој преглед димензиите покажуваа 2 недели помала бременост,на пример бев 26,а се покажуваше на 24 недели и навистина родив 2 кила дете,ама здраво право. на второво,денес бев на преглед и сум 30 недела,а ехо покажува 31 недела и 3 дена,ке било покрупно.
и кај мене покажува дека е за една недела понапредно и вака ќе испадне дека сум забременила за време на менструација
и кај мене неделите не се совпагаат од самиот почеток до ден денес, две недели ми е разликата, докторката вели дека сум покасно останата бремена е сега само не ми е јасно треба да ја прашам како ке си рачунам кога влегувам во 9 месец, според ехото или според менструацијата?
Јас мислам според ехото ќе си рачунаш, јас уште од старт кога отидов на прв преглед според ехото ми покажуваше дека сум 1 недела поназад и на секој преглед така си покажуваше, е сега откако влегов во 7 месец на ехото се покашуваше иста дата како и од последна менструација и ете до ден денес е така, што значи дека се изедначило со неделите или пораснало и сега веќе не сум збунка , како ми пишува на узв така и си рачунам
девојки мои, јас сум за никаде. Вчера бев на доктор и ми констатираше докторката дека нема плод, само гестациона кеса. Јас по последна менструација треба да сум влезена во 8 недела и вика не е можно да не се гледа плод во оваа недела. Јас последна менструација имав на 15.11 , но односи имав дури на 29.11. па и после тоа неколку пати. и по мое јас неможе д абидам 8 недели туку 5,6. Дали е можно да е рано и да не се гледа или само лажно се надевам. Утре сабајле имам закажано во св.Лазар да провериме уште еднаш. Многу ми е тешко.........
Неколку пати тука читав такви примери, почекај и не брзај. Види што ќе ти кажат, па пак почекај. Само немој да се нервираш, бидејќи тоа ти е стресор број 1, и не чини ни за тебе ни за бебушот. Ќе видиш што ќе ти кажат!
знам елена дака не треба да се нервирам, па и се трудам да не се нервирам, и денес сум подобро, ама вчера каква бев.... и ова докториве кога ќе ти кажат нешто како тоа да е нормално, а јас душава ми се стегна, и таму одвај се воздржав, ама дома кога си дојдов кога си писнав да си , многу ми беше тешко. Денес сум подобро , мм цела вечер со мене само ме теши, ме охрабрува дека има надеж , во такви моменти сваќаш кој е покрај тебе , многу го сакам ќе се стрпам до утре па со господ напред да се надевам дека има едно многу мало бебенце што се крие и нејќе да с епокаже оти е многу мало. јас го споделив ова со вас со надеж дека ќе ми пише некој со слично искуство што поминало се како што треба
не знам дали некој ќе пише за слично искуство али знам дека ова ке има убав крај и дека ке бидеш дел од нас.. бебенцето ке си се покаже,се крие ладничко му е ти држиме среќа цветче и без гајле само храбро
не се секирај , јас имам претходно пишано дека и кај мене е таков случај, ти посакувам и кај тебе да е така кај мене од сам почеток на бременоста, разликата ми е две недели, ете и сега пред породување си е така, за тоа ми даваат и време за да се породам покасно... утре кога ке одиш кажи им и за тоа кога си имала односи, а не само кога ти била последната менструација, јас им кажав од почеток и за тоа... ти посакувам утре да ни пишиш убави вести
Дали те гледаа на абдоменално ехо или на вагинално? Знае да не се види ембриончето на абдоменално ехо, ама како и да е, не се секирај, опушти се колку можеш, сигурно си останала бремена покасно и си 5-та или 5,5 недела, за едно 5-6 дена сигурно ќе се појави
еве ме девојки ама не со добри вести , за жал бев на доктор и ми потврдија, има плод, но нема срцева реакција, а во 8 недела мора да има. Плус нешто не беше во ред со плодот, па мораа да ми направат киретажа. сега сум добро, да речеме, физички да, психички ке треба време да бидам добро и тоа. само господ знае зошто се случуваат вакви работи. Го земаа материјалот па ке испитаат од кои причини дошло до таа состојба, а јас со мм ке паузираме некои 5-6 месеци, па со нови сили здравје боже пак ке пробаме. Јас некое време нема да се уклучувам на форумов, веројатно ме разбирате од кои причини, малку да се стабилизирам, па во некое идно време пак ке се читаме. ве сите ви покакувам срека и од госспод по едно бебенце за сите што чекаат! поздрав БЕЛ ЦВЕТ
не знам дали ќе прочиташ, но братучетка ми имаше иста приказна како тебе. После година и пол ми ја роди најубавата внука на свет. Не се секирај
Сонце, неможе да се опише тежината на болката која во моментот ја носиш, но она што неможе да не убие не прави само посилни. ЗНам дека нема да ти биде некоја утеха но не се исклучувај од форумот , тука сме ние да ти ја дадеме целата подршка на овој свет. Бог има планови за сите нас па така и ова што се случило било со некоја причина, на жалост . Биди силна и ти и твојот сопруг и сакајте се , Бог ќе ви го даде најубавиот подарок тогаш кога најмалку очекувате...ПОздравче и бидете храбри , во тоа е силата на човекот....Ви посакуам се најдобро, и само храбро...
БЕЛ ЦВЕТ, и јас ќе ти речам да не се исклучуваш од форумов, ќе ти биде полесно. Знам колку ти е тешко, и јас го поминав истото, и кај мене баш во 8-ма недела престанало срценцето, требаше да бидам 9-та недела кога дознав, ме погоди гром, светот и времето застанаа во тој момент за мене, беше многу лошо, од таму со трчаница стигнав во Систина со надеж дека ќе ми кажат дека е грешка, дека се е во ред со бебенцето мое, ама и таму ми го кажаа истото. Веќе закажав за киретажа за утредента. Сакав да ти го кажам ова: мене тројца доктори различно ми кажуваа за колку време пак да пробуваме за бебенце. Се беше во ред со внатрешниот ѕид на матката и мојата докторка ми рече дека може да пробуваме и веднаш после првиот циклус, тогаш и беше тој ехо преглед да се види дали убаво заздравува внатрешниот ѕид. Тоа ми се случи почетокот на октомври минатата година, веќе крај на ноември почнавме пак, 4 дена само пред Божиќните пости, после постите веќе ми беа поминати плодните денови, еве сеуште пробуваме, па ќе видиме... Утре-задутре ми е датумот кога би требало да добијам, па ќе видиме... Зборот ми беше дека ако се е во ред со тебе, заздравувањето од киретажата, немора толку долго да се чека. Обично практуваат да чекаат во случаеви кога била подоцнежна бременост во прашање, ама и тебе како и мене ни беше рана бременост. Господ знае зошто се случува тоа, во најголем број случаи нема конкретна причина, така требало да биде, дали е природна селекција, дали е Божја волја, само Тој знае... Ќе биде се, ќе помине се, сега истовремено си и лута и тажна, но верувај дека ќе помине срцка! Тешко е знам, многу убаво знам како ти е, само гледај напред, немој да дозволис да паднеш емотивно, биди јака колку можеш, исплачи се секогаш кога ќе ти дојде да плачеш, немој да собираш и чуваш во себе. Не си сама, ги имаш своите кои те сакаат најмногу, твојот маж кој ќе ти помогне да го пребродите ова заедно, и не имаш нас овде, не има баш доста со кои можеш да поделиш мислење, да прашаш, да прочиташ слично или исто искуство и колку-толку (барем грамче) ќе ти биде полесно ВЕРУВАЈ! Со вера во Бога и голема надеж ке истраеш и еден ден и ти ќе бидеш мама, а ова бебенце е сега анѓелче кое те гледа од горе и верувај дека му е таму добро, исто како и моето анѓелче и многу други
Бело Цветче,мнооогу ми е жал за ова што ти се случило денеска, не заслужи вакво нешто. Но за да те утешам морам ова да ти го кажам: Природата секогаш си врши селекција на работите, ова бебе било подобро вака да заврши...не требало да се мачи понатаму.Сметај дека се спасило.....Тоа е... Ќе дојде за брзо време друго силно бебче,кое ќе ви ја избрише оваа тага. Сега исплачи се,оддтагувај, и продолжи понатаму.Најважно е да се сакате со сопругот,да си давате поддршка и љубов, а во таквите бракови господ подарува дечиња... Те